23.8 C
Скопје
17:08 - 2 мај, 2024

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (17. до 23.јануари) – Многу љубов за Јарците, среќа за Скорпиите, добри вести за Овните…

неделен хороскоп

И оваа недела планетата Венера ќе блесне во знакот Јарец, носејќи им среќа во љубовта на сите Јарци и не само на нив… А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: добра вест!

Оваа недела ќе има добри вести во професионалната сфера, поради наклонетоста на Меркур. Најсреќни денови од оваа гледна точка ќе бидат вторник, среда и четврток, во кои може да сметате и на активна месечина која работи во ваша корист. Нервозни, сепак, ќе бидете во недела, со месечината во опозиција: со партнерот може да настанат моменти на напнатост.

Бик: среќа во љубовта!

Вашата недела ќе биде среќна од сентиментална гледна точка: Венера продолжува да го фаворизира и штити вашиот приватен, љубовен живот, давајќи ви ја стабилноста и сигурноста што ви се потребни. Во канцеларија, пак, нешто може да не оди како што треба, особено во вторник, среда и четврток, кога – покрај Меркур во „непријателскиот“ знак на Водолија – ќе мора да ја издржите и Месечината во неповолна положба. .

Близнаци: Меркур се грижи за вас!

Во овој период се мачите со спротивставувањето на планетата Марс, што ве прави многу уморни и нерасположени. Како тоа да не е доволно, и Јупитер ви се спротивстави, а тоа ќе го почувствувате особено на професионално поле… За среќа, можете да сметате на Меркур кој активен во ваша корист, кој ќе ви помогне да воспоставите важни контакти за иднина. Обидете се да спиете доволно за да избегнете прекумерен стрес.

Рак: одличен почеток!

Вашата недела започнува со прекрасен лунарен понеделник, подготвен да ви донесе малку повеќе среќа. А среќата ќе ви послужи, особено во делот на чувствата, зашто планетата Венера во опозиција продолжува да не ви дава одмор… Посветете особено внимание на неделата, кога можеби ќе бидете многу нервозни! Добри вести, пак, ве очекуваат на работа, особено во петок.

Лав: Меркур во опозиција …

Противењето на планетата Меркур сè уште го отежнува вашето враќање на работа. Сепак, не грижете се: Јупитер повеќе не е во опозиција и малку по малку работите ќе се смират. Марс ви дава голема сила и енергија. Посебно среќни ќе бидат деновите вторник, среда и четврток, со месечината во знакот: очекувајте интересен телефонски повик или добрата вест што долго сте ја чекале…

Девица: Месечината се грижи за вас!

Вашата недела ќе биде среќна со прекрасна месечина на ваша страна, особено во понеделник, петок и сабота – кога ќе свети во вашиот знак! Љубовта ќе оди многу добро, без разлика дали сте веќе во пар или сте сингл. Некои забавувања, сепак, на полето на работа, каде за жал ќе треба да се справите со спротивставувањето на Јупитер и неповолниот Марс кој го зголемува чувството на замор.

Вага: Венера неповолна …

Во овој период вашите грижи главно се однесуваат на областа на чувствата: Венера во неповолна положба веќе неколку недели ја става на тест вашата врска. Ѕвездите, пак, ве поддржуваат во професионалната сфера: Марс и Меркур ви даваат енергија и можности кои ви се потребни за да успеете и напредувате. Суперсреќен месечев ден: недела. Лош ден, со неповолна Месечина: понеделник.

Скорпија: Јупитер е на ваша страна!

Сега кога планетата Јупитер конечно се врати на ваша страна, нема да недостасуваат вистинските можности за голема „одмазда“, особено на полето на работата, во кое минатата година моравте да претрпите забавувања и сплетки… планетата Венера, од своја страна, ви дава исполнета и страсна љубовна врска. Искористете ги среќните денови на месечината: петок и сабота.

Стрелец: недела на голема сила!

Уште една недела со голема сила за вашиот знак, кој може да смета на спојот на планетата Марс и наклонетоста на Меркур. Ќе има добри можности да се наметнете: сте достигнале висок степен на свесност и вистинска енергија за конечно да ги добиете наградите што ги заслужувате. Најсреќни денови во неделата ќе бидат вторник, среда и четврток.

Јарец – се е можно!

Вашата недела се отвора со нервозен понеделник, со Месечината во опозиција. Подобро веќе од вторник: има многу планети кои ве поддржуваат во овој период и ќе има големи задоволства и на професионално и на сентиментално поле. Спојот на Венера ве поттикнува да направите важен чекор во љубовта, од соживот, до дете… се е можно!

Водолија: Месечина во опозиција

Во овој период сте со одлично темпо, особено на полето на работа: конјукцијата на Меркур ви ветува убави можности, додека Марс активен во ваша корист ви ја дава вистинската енергија да не ги оставите да избегаат можностите! Но, внимавајте, оваа недела да не ве фати малку меланхолија и лошо расположение во вторник, среда и четврток, кога ја имате Месечината во опозиција.

Риби – победата ќе биде ваша!

Планетата Венера во поволна положба ви дава моменти на голема страст и романса. За слободните можни се важни средби. Малку ќе бидете уморни, но сепак, ќе останете активни на работа: неповолниот Марс ве тера да се чувствувате без сила. И покрај ова, благодарение на Јупитер кој делува во ваша полза, победата ќе биде ваша! Внимавајте на Месечината во опозиција во петок и сабота, кога може да се појават некои неочекувани настани.

Слични објави

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо
Се вчитува....