3.8 C
Скопје
22:09 - 20 декември, 2024

Го најавуваа како следниот Дикаприо или Мет Дејмон, а тој само „исчезна“

Далечната 2001 година, кога имаше само 22 години, Џош Хартнет требаше да стане следниот Дикаприо или Мет Дејмон.

Неговите улоги во филмовите „Перл Харбор“, „Падот на црниот јастреб“, „40 денови, 40 ноќи“, го лансираа на самиот врв на листата со најбараните актери во Холивуд.

Ги красеше насловните страници на многу престижни весници, новинарите буквално му беа составен дел од животот, а режисерите буквално се „тепаа“ за него.

Но, сега кога ќе ги погледнеме работите, се чини дека на овој млад актер во еден момент му дошло се преку глава!

Фото: Профимедиа

Наместо да работи на блокбастери, последните 20 години, Хартнет ги мина работејќи на независни филмови како „Викер Парк“, „Среќниот број на Слевин“ и „Црна Далија“.

Тој ја одби улогата во Супермен во 2006 година, се наоѓаше и на списокот на Кристофер Нолан за улогата „Бетмен“, која подоцна му беше доверена на Кристијан Бејл.

Во последната деценија Хартнет беше помалку активен во некои кратки филмови, па така тој ја толкуваше улогата во „Пени Дредфул“, хорор серија од 2014 година.

Фото: Инстаграм

Се чини дека Хартнет, кој сега има 41 година, постепено се враќа на големото платно, со повеќе проекти, вклучувајќи ја и драма на Гај Рич, која допрва треба да излезе.

Негова последна улога е во филмот „Inherit the Viper“, драма за семејна борба со дрогата.
Во интервју за „Вајс“ и „Варајети“, Хартнет зборува како за последниот филм, така и за својот живот.
Открил дека неговиот поглед на Холивуд се развил од фрустрации до прифаќање.

Многумина помислиле дека тој целосно исчезнал од филмската индустрија, меѓутоа, актерот, како што се пренесува, само се држел подалеку од бомбастичните наслови.

Како што додал, сфатил дека тоа не е начинот на кој тој сака да живее и работи.

Поради ова, Хартнет во последните 15 години решил да води помирен начин на живот, а денеска вели дека е задоволен со својот избор.

Тој е татко на две деца кои ги има со сопругата, британската актерка Тамсин Егертон.

Фото: Профимедиа

-Секогаш се обидував да работам на филмовите кои зборуваа за нешто поголемо од обична забава – рекол актерот.

Филмот „Inherit Viper“, кој е снимен е за само 17 денови е семејна драма сместена во сиромашниот град во Охајо, каде браќата Кип (Хартнет), Бутс (Овен Тиг) и Џози (Маргарита Лвива) им продаваат опијати на пријателите и соседите како средство за преживување.

Нивната трговија, меѓутоа, доведува до неколку трагедии, а кога една работа ќе тргне по погрешен пат, Кип, кој очекува дете, конечно сфаќа дека мора да се повлече од играта со дрога.

Фото: Инстаграм

– Мислам дека одговорноста произлегува од самата тема и затоа сметам дека тоа е тематика која заслужува сериозен пристап. Не можете да раскажувате таква приказна без да ја сфаќате сериозно – порачал Хартнет, па додал дека неговиот лик се обидува да го спаси братот од ужасниот живот кој го води со цел да не се доведе до работ на смртта.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....