13:23 - 18 август, 2026

Гламур на свадбата на Мелина Џиновиќ: „Џипси кингс“ ѝ пееја на ќерка ѝ на уво, на масата најскапо мени и олдтајмер од 330.000 евра

Насмеана и блескава, Мелина Џиновиќ, како што пренесуваат медиумите, на граѓанската венчавка се појавила во венчаница. Младоженецот, кој е 23 години постар од неа ја довел на церемонијата во општоната со стил, во луксузен олдтајмер од 330.000 евра, додека зад нив следел црн автомобил во придружба.

Рачно изработениот луксузен олдтајмер е стар половина век. Станува збор за кабриолет од 60-тите или 70-тите години, најверојатно Bentley T-Series или Bentley Corniche, чија цена за ретките примероци може да достигне вртоглави 330.000 евра.

Во деновите пред венчавката, парот заедно со најблиските гости уживаше на јахтата на младоженецот, чија вредност се проценува на околу 10 милиони евра.

(Фото) Мелина Џиновиќ се омажи во „Диор“, невестата носеше комбинација вредна 10.000 евра

Синоќа модната креаторка од Босна и Херцеговина, поранешна сопруга на Хaрис Џиновиќ, организираше гламурозна предсвадбена прослава со својот иден сопруг, британскиот милионер Џефри Пол Арнолд Деј.

Вечерата се одржа во престижен ресторан на Француската ривиера, со настап на популарниот бенд „Џипси кингс“, кој беше задолжен за атмосферата, пренесува Blic.rs.

Мелина за оваа пригода избра елегантен бел фустан, додека Џефри беше во свечен костум.

Парот пристигна со автомобил, а во нивно друштво беше кумата Гоца Кариќ. Ресторанот, сместен веднаш покрај море, е познат по мени базирано на врвни морски специјалитети и француска кујна.

Гостите уживаа во специјалитети како рибен карпачо, фоа гра, и познатата рибја чорба бујабес. На менито имало и јастог и кавијар, а цената на вечерата по лице достигнувала и над 250 евра.

Во текот на вечерта, таткото на Мелина, Сулејман Галиќ, беше видно емотивен и не ја криеше радоста додека ја гушкаше својата ќерка, што предизвика посебни емоции кај присутните.

Бендот „Џипси кингс“ дополнително придонесе за атмосферата. Интересно е што Харис Џиновиќ претходно соработувал со овој бенд, што привлече дополнително внимание во јавноста. Во еден момент, бендот ѝ отпеа песна на ќерката на Мелина во живо.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Klix.ba (@klixba)

Слични објави

Урнебесен одговор на Ен Хатавеј на прашањето дали чека момче или девојче

apostolova

Драгана Мирковиќ во преговори да стане дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Песната која две години чекала да стане „Чија си“ – Како Славе Димитров ѝ даде живот на една безвремена љубовна приказна

Т.Ц.

Ги закопаа секирите — Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ заедно подготвуваат луксузна прослава со 200 гости

Еспресо

(Фото) Со Јосиф на грб и Лена во кенгур — Ирина Камилоска планинари со двете мали деца

Еспресо

Почина големата Ведрана Рудан: „Отиде на подрачје без сигнал“

Еспресо
Се вчитува....