13:22 - 18 август, 2026

(Видео) Мадона се врати на „Коачела“ по 20 години: Приреди спектакл со Сабрина Карпентер и ѝ даде астро совет на публиката

Поп-иконата се појави на фестивалот Коачела среде песната „Juno“ на Сабрина Карпентер, а откако пејачката ја праша публиката „Дали некогаш сте го пробале ова?“, двете заедно го изведоа легендарниот хит на Мадона „Vogue“ од 1990 година.

Настапот потоа вклучуваше и песна за која се верува дека е од претстојниот албум на Мадона „Confessions II“, но деталите и насловот сè уште не се познати. Вечерта беше заокружена со спектакуларен дует на безвременскиот хит „Like a Prayer“.

„Сабрина, ти благодарам многу што ме покани во твоето шоу“, рече Мадона, на што видно воодушевената Карпентер одговори: „Нема на што, Мадона. Ти можеш да имаш сè што сакаш“.

Поп-иконата потоа се пошегува дека ѝ е мило што конечно настапува со некој што е понизок од неа, а потоа сподели и емотивно обраќање до публиката.

„Имам неколку работи што сакам да ги кажам. Пред точно 20 години настапив на Коачела. Бев во танцовиот шатор и тоа беше првпат да ја изведам ‘Confessions on a Dance Floor’ во Америка“, рече Мадона.

„Тоа за мене беше огромна возбуда, па можете да замислите колку ми значи што се вратив 20 години подоцна – во истите чизми, истиот корсет и истата „Гучи“ јакна. Ова е момент на заокружување, многу значаен за мене.“

Во неочекуван момент, Мадона ѝ даде и астролошки совет на публиката:

„До крајот на месецот, да се потрудиме да се согласуваме“, рече таа, додавајќи: „Очигледно треба да избегнуваме конфликти додека некои планети не се поместат од Овен.“

Своето обраќање го заврши со порака за силата на музиката:
„Најубавото кај музиката е што ги спојува луѓето. Тоа е единственото место каде луѓето ги оставаат разликите на страна, се опуштаат и едноставно се забавуваат заедно. Воодушевена сум што сум дел од тоа искуство што ги обединува луѓето.“

Слични објави

Урнебесен одговор на Ен Хатавеј на прашањето дали чека момче или девојче

apostolova

Драгана Мирковиќ во преговори да стане дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Песната која две години чекала да стане „Чија си“ – Како Славе Димитров ѝ даде живот на една безвремена љубовна приказна

Т.Ц.

Ги закопаа секирите — Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ заедно подготвуваат луксузна прослава со 200 гости

Еспресо

(Фото) Со Јосиф на грб и Лена во кенгур — Ирина Камилоска планинари со двете мали деца

Еспресо

Почина големата Ведрана Рудан: „Отиде на подрачје без сигнал“

Еспресо
Се вчитува....