12:48 - 7 ноември, 2026

(Фото) Мелина Џиновиќ се омажи во „Диор“, невестата носеше комбинација вредна 10.000 евра

Дизајнерката Мелина Галиќ, поранешно Џиновиќ, и британскиот милионер Џефри Пол Арнолд го кажаа судбоносното „да“ на граѓанска церемонија во Монако, а вниманието на јавноста го привлече и нејзиниот моден избор.

Поранешната сопруга на Харис Џиновиќ за оваа пригода избра елегантна бела комбинација од луксузниот бренд „Диор“, чија вкупна вредност достигнува околу 10.000 евра.

Младоженецот ја донел на церемонијата во кабриолет бентли, а по венчавката Мелина го зела неговото презиме и сега се претставува како Мелина Арнолд.

За граѓанското венчавање таа носеше едноставен бел фустан до под колена, со класичен крој и кратки ракави, кој се шири од половината надолу. Изгледот го надополни со сандали на потпетици и дискретни бисерни обетки – сè од истиот бренд.

Според информациите, фустанот е изработен по мерка специјално за неа, со цена од околу 8.000 евра, додека сандалите чинат над 1.000 евра, а накитот нешто помалку од тоа.

Иако на прв поглед изгледа како венчаница, станува збор за класичен модел што не припаѓа на невестинската колекција на брендот.

Свадбената церемонија се одржа во интимна атмосфера во Монте Карло, со ограничен број гости, додека прославата ќе трае неколку дена.

Фотографиите погледнете ги ТУКА.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....