13.8 C
Скопје
16:28 - 28 октомври, 2026

Гитарата што ја поседувале легендите на „Битлси“ проценета на неверојатни 400.000 фунти

Гитарата која некогаш била сопственост на легендите на „Битлси“, Џон Ленон и Џорџ Харисон, проценета е на 400.000 фунти во емисијата Antiques Roadshow на каналот BBC.

Во емисијата, Реј, сегашниот сопственик на гитарата објаснил дека гитарата му ја дал Џорџ Харисон, бидејќи наводно свирел подобро од него.

– Отсвирив неколку ноти и тој ми рече: „Да, очигледно подобро се справуваш од мене. Подобро е ти да ја имаш – раскажа Реј во емисијата.

„Ова е многу ретка гитара. За некој кој е фан на Битлси, голема чест е да поседува гитара која некогаш била сопственост на Џон Ленон и Џорџ Харисон, две од најголемите рок-ѕвезди на 20 век“, рекол Џон Банди, познавачна стари и вредни инструменти

Сопственикот вели дека не бил свесен дека гитарата чини толку многу. Тој на публиката ѝ покажал и фотографија од Џорџ со гитарата, на тој начин давајќи доказ дека таа била дел од неговата импресивна колекција.

Слични објави

(Фото) „Моето омилено место“: Мина покажа како Огњен Амиџиќ ужива со децата

Еспресо

(Фото) „Турскиот Бред Пит“ го прослави 43. роденден: Сопругата му упати љубовна честитка

Еспресо

Постојано ви е студено, дури и кога на другите им е топло? Ова се можните причини

К.С.

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.
Се вчитува....