13.8 C
Скопје
01:01 - 29 април, 2024

ФРЕНКИ ОД БУЊАКОВЕЦ: Од мал сум научен на дисциплина, затоа тезгата ми е војнички организирана

Јурасевич Владо или билкарот Френки како што го препознаваат сите, нешто помалку од 30 години советува на пазарчето Буњаковец.

Билкарот кој нема мобилен телефон, ниту користи интернет нè советува како да се грижиме за здравјето со помош на природата.  Препораки и совети ќе добиете кога ќе ја посетите тезгата на Френки, која работи секој ден освен понеделник. Фото – приватна архива

Има тезга со егзотични производи меѓу кои зачини и билки, уредно спакувани кои се продаваат со бесплатен совет и разговор. На неговата тезга може да се види војничка организација.

– Станувам во 3:45 минути тука сум во 4 и 15минути. Тоа е последните 30 години, иста навика не менувам ништо, тоа за мене не е добитна комбинација за успех, но за некоја живеачка, тоа е тоа. Од мал сум научен на дисциплина, војничи, од татко војник, и јас и брат ми завршивме воена гимназија, целото семејство беше војнички организирано. А овде сум во некој свој елемент, свој филм, себе си се препознавам на оваа тезга и со душа ја работам тезгата.

Владо не се обидува да биде доктор и да ги лечи муштериите. Тој од 93та вложувал труд и знаење за да ги проучува или информира за билките и чаевите. Не се обидува да биде доктор, туку тревар, да му помогне на муштерија пред дијагнозата.

– Имам едни другари, да не заборавам да ги поздравам, Чичко Миле од Кавадарци и господин Живко Најдовски, иако не го знам лично, од Демирхисар Битолско, без нив неможам да работам. Тие се луѓе од кои добивам чаеви, малку повозрасни луѓе кои ги разбираат работите . Помладите или немаат време или немаат едукација да собираат чаеви.

И после толку години работа на тезгата на пазарчето, има муштерии кои секогаш си доаѓаат, како за совет за чај така и за еден разговор. Треба да знаеш барем неколку работи да му кажеш некому за она што го купува или проблемор за кој го бара лекот, вели Френки.

– Чаеви има од сите видови, секој чај има своја намена и своја превентива. Шипинката има витамин це, може да се конзумира исто како и гоџи бери, исто има витамин це, но шипинката е поефтина, а дејството е исто. Подабиче за оние кои имаат проблеми со желудникот, босилек за инхалација за дишните патишта, тегавецот обично го земаат помладите ако сакаат да се одвикнат од пушење, за искашлување на секретот. Копривата е добра за анемија, има есенска и пролетна алергија, а овој период пролетната алергија се чисти со чај од коприва. Да не чекате да процвета липата, па да имате реакција, месец дена пред цветањето на липата ќе пиете чај од коприва. Ќе помине алергијата, нема да имате ни солзење на очите, кивање, ниту осип, копривата е одличен препарат за алергија.  Грешка прават луѓето што земаат 10 вида чаеви и ги мешаат. Начинот на варење на секој чај не е ист. На пример камилицата се попарува со врела вода. Кантарионот се вари две три минути. Ако се мешаат во исто време, кантарионот ќе го свариш и пиеш, а камилицата ќе изврие.  Затоа кога ќе пиете чаеви практикувајкте да дојдете да земете еден чај да го испиете, па ќе видите како делува на организмот. Ако е добро ќе продолжите со третманот, ако не ќе менувате. А не да земете полно ќесе со чаеви и да не пиете ништо.

Ако во минатото се користеле само неколку зачини, денес се употребува скоро се.

– Кумин, куркума, тоа веќе го употребуваат сите македонски семејства. Ѓумбир, тоа веќе стана навика на едно просечно семејство да го користи, и за детокс на организмот. До пред 10 години беше само црвениот пипер, буковец и триена сол, сега со малку едукација, почна да се користи се. Но во моментов најмногу се користи цимет, ѓумбир, куркума, кумин.

Билкарот кој нема мобилен телефон, ниту користи интернет нè советува како да се грижиме за здравјето со помош на природата.  Препораки и совети ќе добиете кога ќе ја посетите тезгата на Френки, која работи секој ден освен понеделник.

Секој чај има своја намена и своја превентива, фото – приватна архива

– Или сум дома, во гаража, неа ја препознавам како ординација, за рестартирање. Еден ден да не зборуваме за пари за чаеви, или сум на Треска по риба, јас сум добар мушичар, добар рибар.

Владо потекнува од Мостар, во Скопје е дојден во 1993 година. Бил на поминување и прошетка, а при посетата на река Радика се случило љубов на прв поглед. Се заљубил во природата и оттогаш останал во Македонија.

фото – приватна архива
фото – приватна архива

 

 

Слични објави

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо
Се вчитува....