9.8 C
Скопје
23:48 - 1 октомври, 2026

Нова ГРЕШКА на принцот Хари ги разгневи Британците: Дали принцот ја направи истата ПРОВОКАЦИЈА што ја направи со Опра Винфри?

Хари и Меган Маркл ја посетија кралицата Елизабета пред да пристигнат во Холандија. Британците беа толку среќни што го видоа принцот повторно протагонист на Игрите Invictus, но добрата вест набрзо отстапи место за контроверзии.

„Болката“ сега доаѓа од интервјуто што принцот Хари и го даде на новинарката Хода Котб: дали Хари ја направи истата грешка што ја направи со Опра Винфри?

Најмладиот син на Чарлс и Дијана, зборувајќи за посетата на неговата баба, рече: „Сакам да се погрижам да ги има вистинските луѓе до неа“ (мислејќи на кралицата). Среќен што секогаш има привилегирани односи со неа, сепак, тој на некој начин – според толкувањата – навестил дека неговиот татко и брат, принцот Вилијам, не можат да ја заштитат. Можеби ваквите сомнежи им се појавили само на оние со „лоши мисли“, но сепак оваа актуелна вест го обиколува светот.

Сега кога спорната реленица се разгледува и толкува во сите можни варијанти, колку и да била искрено и невино кажана, се поставува прашањето – дали станува збор за уште еден низок удар од Хари за британското кралско семејство?

„Беше прекрасно што повторно ја видов и бев со неа. Таа е во одлична форма. Таа секогаш има одлична смисла за хумор со мене, Меган и јас пиевме чај со неа. Сакам да бидам сигурен дека таа е заштитена и опкружена со вистинските луѓе “, ова го изјави Хари во интервјуто за време на престојот во Холандија, на Игрите Invictus.

Сепак, тој не сакаше да одговори нашироко за отсуството на неговиот татко и брат, туку претпочиташе да се фокусира само на настанот:

„Во моментов сум фокусиран на спортистите и нивните семејства, сакам да дадам 120 проценти од себе. И кога ќе заминам, ќе се фокусирам на моето семејство, кое ми недостига енормно “, додавајќи дека во САД се чувствува како дома, и дека таму го пречекаа со раширени раце.

Дури и оваа реченица – дека во САД се чувствува како дома – ги налутила Британците кои продолжуваат да толкуваат и анализираат.

Слични објави

(Фото) Прекрасната Елена Реи на модна ревија во Милано — заблеска во креација на македонскиот дизајнер Марков

К.С.

(Фото) Како холивудска дива од 20-тите — Калтрина Круезиу во раскошно бело издание на гала во Скопје

К.С.

(Фото) Јаков Јозиновиќ го прослави 21. роденден: доби емотивно изненадување

apostolova

(Фото) Адријана Алачки остана без фризер пред снимање, па Анета Љумаковска ја спаси ситуацијата: „Ете што е вистински колега“

К.С.

Тереза Кесовија одложи два концерти поради здравствени проблеми: „Ќе дадам сè од себе да закрепнам“

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо
Се вчитува....