13.8 C
Скопје
14:22 - 18 декември, 2024

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ЕКСКЛУЗИВНО СО ЈОВАНА КВРЖИЌ: Во Пакистан корона не постои, во Кипар носев маска и на отворено

Ексклузивно за „Еспресо“ популарната патничка ги открива своите искуства и како може да се живее (и патува!) од оваа возбудлива професија.  

Инспиративната Србинка Јована Квржиќ, блогерка за патување, а инаку, магистар по фармација и „на пат“ до звањето доктор по фармацевтски науки, веќе извесно време со своите професионални патнички ангажмани ѝ отвора на балканската, но и на европската јавност, потполно нови простори.

Тргнала на патување низ светот во 2015., и оттогаш не престанала да патува. Престојувала во повеќе од 65 земји и пливала во три океани. А покрај патувањата, Јована е љубителка на добрите фотографии кои прават нејзините спомени да живеат вечно, но и кои пластично им ги доближуваат на читателите пределите низ светот, дури и најдалечните.

Од пред две години нејзините патувања станале бизнис, откако огромен број луѓе почнале да ја забележуваат и следат нејзината работа, а компаниите и брендовите нашле вредност во нејзината презентација на нивните производи.

приватна архива

Во годината во која светот беше погоден од пандемија, ти сепак патуваше. Каде беше и што виде во овој период на здравствена криза, што најмногу те импресионираше во однесувањето на луѓето кон коронавирусот или стравот од него?

– Од почетокот на пандемијата ги посетив Турција, Кипар, Пакистан, Мексико, Малдиви, Египет и Тунис, што се однесува на далечните дестинации, а во близина ги посетив сите земји со кои Србија граничи, освен Романија. Беше интересно да се види како луѓето се однесуваат различно од земја до земја, па да кажеме, дека во Пакистан короната не постои, додека на Кипар морав да носам маска и на отворено, а во некои прилики дури и ракавици.

Како ги избираш земјите во кои ќе патуваш и колку време ти треба за подготовка?

– Сега ги избирам според тоа во кои е можно да се патува, а претходно тоа главно зависеше од цените на билетите. Каде што фаќам некоја акција и евтин билет, одам таму, бидејќи превозот често е најскапиот дел од патувањето. Сè помалку се подготвувам за патување, но повторно, тоа зависи од дестинацијата на која ќе одам. За некои дестинации, подготовки воопшто не се потребни, сè можам да осмислам на лице место, додека за други неопходна е сериозна организација. Некој просек би бил од 3 дена до една недела.

Во Пакистан, фото приватна архива

Што секогаш носиш на пат?

– Телефон секако, удобни обувки зашто знам дека ќе шетам долго, и перница затоа што сакам да се наспијам и ја користам секоја прилика да се одморам.

 Во која земја, односно каде јадеше најдобро?

 – Во Турција и во Мексико.

А каде е најевтино место за престој?

– Воглавно земјите во Југоисточна Азија се најевтини за туристите, така што потрошив помалку од 100 евра за пет дена во Виетнам, а воопшто не штедев.

Авганистан е актуелен, дали некогаш си била таму?

– За жал, не, бев во соседниот Пакистан кадешто поминав еден месец и оттаму ги носам некои од најубавите патнички спомени.

Си ја посетила ли Македонија и што ти се допадна тука?

– Да, повеќе пати сум била во Македонија. Во текот на студиите поминав голем дел од Македонија зашто бев учесник на семинари кои таму се одржуваа, а ова лето ја посетив со цел промоција на руралниот, авантуристичкиот и еколошкиот туризам во Западен Балкан.

Го обожавам Охрид, за два пати колку што престојував таму ми стана една од омилените локации во светот.

Тунис, фото приватна архива

Со какви предрасуди сте се соочиле како жена- турист во странство, имаше ли непријатни ситуации?

– Повеќе непријатни ситуации имав во поглед на коментарите и предрасудите на луѓето што живеат на нашите простори, отколку некогаш да ми се случило нешто лошо. Фала му на Бога, единствениот проблем што некогаш сум го имала при патување е губење пари и пропуштање лет, а тоа што сум жена која сама патува ми беше само предност. Сите луѓе со кои се сретнував на патувањата беа со желба да ми помогнат, а многумина ми станаа и добри пријатели.

Што е следно, која земја и зошто?

– Моментно сум во Грција, со седум жени кои се пријавија на мојот проект „Патувај со Јована“. Со нив уживам на Санторини, а потоа приватно одам на Миконос. Што се однесува до следните дестинации, се надевам Колумбија и Бразил во скоро време.

Санторини
Мексико
Кина
Бали, Индонезија
Азербејџан

Хаваи
Јордан
Москва
Тунис

ФОТО – Приватна архива

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova
Се вчитува....