19:11 - 29 ноември, 2026

(Фото) На лицето скорпија, змии, „пука“ во црн латекс: Јована Јеремиќ го прослави 33. роденден

Српската водителка Јована Јеремиќ вчера приредила забава за паметење по повод  33-тиот роденден.

Водителката организирала гала забава во познат ресторан во центарот на Белград.

Декорирала сè по свој вкус, ставила сиви балони, а сè надополнила со златна змија на ѕидот. Како и обично, Јована ги шокирала присутните, како со својот декор, а ни помалку ни повеќе со интригантниот стајлинг по кој е препознатлива.

За роденденската прослава, водителката одлучила да биде цела во латекс, а на лицето имала исцртана скорпија. Како што и прилега, Јована имала и уникатна роденденска торта – лавица.

Фотографиите од роденденската забава на Јована Јеремиќ можете да ги погледнете ТУКА.

Јована во интервјуто за српски „Курир“ признала дека конечно ѝ цветаат рози во љубовниот живот, а срцето ѝ го освоил постар маж. Таа не сакала многу да открива, но признала дека нејзиниот избраник е јавна личност, бидејќи смета дека само таков нејзе ѝ одговара.

– Можеби постои, ете, првпат има некој што ми е интригантен по разводот. Имаше мажи, не велам, не сум светица. Јас сакам да водам љубов само со човекот што го сакам. Овој маж не е помлад. Се појави некој достоен за Јована Јеремиќ… Дали е јавна личност? Можеби, можеби… – искрено рекла Јована.

Јеремиќ открила и дека очекува часовник „ролекс“, но не од емотивен партнер, туку од деловен, што ги изненадило присутните.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

Слични објави

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.
Се вчитува....