8.8 C
Скопје
21:22 - 24 март, 2026

(ФОТО) УНИКАТНИ НОВОГОДИШНИ, БОЖИЌНИ И ЕТНО КУЌАРКИ, КОМАНДИРОТ ДАРКО МИРЧЕСКИ ИМА ОРИГИНАЛНО ХОБИ: Од идеја и креација до неверојатна реализација

37-годишниот прилепчанец Дарко Мирчески, среќно оженет и татко на две деца, со диплома од Воената академија во Скопје и вработен во Основниот суд во Прилеп како Командир на судска полиција, има необично хоби. Дарко ги изработува едни од најуникатните новогодишни и божиќни куќарки, но изработува и етно куќички и бројни други минијатурни ремек дела.

фото – приватна архива

На ова хоби е посветен речиси 9 години. Целиот концепт на изработките се лично негова идеја и креација. Вели дека самата работа го подучува како треба да се создава нештото. А, најголем придонес е креативноста и трпеливоста.

(ФОТО) ОД ДРВО СОЗДАВА РЕМЕК ДЕЛА: Ви претставуваме дел од неверојатната колекција на Роберт Коцев

Кои материјали ги користите и колку време е потребно да се изработи една куќичка?

– За поголемите изработки користам комбинација од иверица, лесонит и гипс картон, а за помалите дрво, памук, камен и картон, кој наместо во отпад, преработен на овој начин, завршува и ги краси домовите на многу семејства. Времетраењето на една изработка е од три дена за помалите, па до една недела за поголемите куќички. Најмногу време одзема изработката на ситните детали, како што се клупи, столчиња, запрежни коли, снешковци, лопати, скали и друго.

Изработувате и црквички, за какви намени се користат?

– Да, покрај куќичките со новогодишни мотиви, изработувам и параклиси односно макети на црквички и макети на стари селски куќи. Дел се изработени според моја замисла, а другите макети се верни на оригиналот. Овие изработки најчесто завршуваат како украси во дворовите на семејни домови или пак, ги красат дворовите на нашите цркви.

Кој ви е најголем предизвик за следна изработка?

– Моментално работам на изработка на макета на црква, која според неофицијални податоци, датира од 5 -6 век после Христа, а кај која се останати само темелите и дел од мозаиците на подот. Замислата е, сето тоа го праработам и да го претставам како макета со напречен пресек, преку кој би се гледала целата внатрешност на црквата.

Каков е интересот на Македонците за вакви куќички и што најчесто се нарачува?

– Интересот кон моите изработки е голем. Можам да се пофалам дека од година в година има сé поголем број на заинтересирани, како од кај нас, така и од странство. Тоа најчесто се нашинци, за кои јас работам на макети на нивните огништа од каде потекнуваат.

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТО ГАЛЕРИЈАТА:

ХУМАНО ХОБИ: Скопјанецот Кирил Јовчевски изработува бесплатни куќарки за бездомните животни

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

ЗЕЈНУЛА АСАНИ, ФИЛИГРАНИСТ И КУЈУНЏИЈА: Татко ми направи накит за Салма Хајек, а во земјава никој не те цени!

Слични објави

Скандалозен „тип“: Турскиот милионер кој ѝ испраќа подароци на Карлеуша бил приведен

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо

Како Борис Дворник ја измамил сопругата за да се заљуби во него

Еспресо

Ана Радуловиќ се разболела по разводот, има неколку дијагнози: „Пијам лекови наутро и навечер“

Еспресо
Се вчитува....