9.8 C
Скопје
04:07 - 25 април, 2024

Какви се хороскопските знаци кога ќе се напијат?

unsplash

Празничниот период е познат по здравиците за добро здравје и подобро расположение. Но, како и сè останато во животот, мораме да бидеме одговорни и умерени.

Какви се хороскопските знаци под дејство на алкохол? Близнаците не се однесуваат многу поразлично кога се под дејство на алкохол или кога се трезни, само се за степен побрзи. На припадниците на знакот Девица сè им станува смешно, а Вагите знаат и по малку да се скараат погрешно толкувајќи она што другите им го кажуваат.

Овен

Припадниците на овој знак под дејство на алкохол стануваат брутално искрени, се чини дека навистина им е грижа за сè. Тие се исклучително гласни и се забавуваат со своите „шеги“. Смешни се кога имаат испиено повеќе од една чаша алкохол, а исто така имаат тенденција да заведуваат некого за кого сметаат дека е интересен – „физички привлечен“.

Бик

На почетокот на вечерта тие обично се тивки и ненаметливи, но со секоја чаша стануваат сè погласни и погласни. Припадниците на овој хороскопски знак се смеат најгласно во друштвото, почнува сè да им станува позабавно, а влијанието на алкохолот лесно им се забележува затоа што сè повеќе и повеќе се смеат – им паѓаат работи, се сопнуваат. Алкохолот обично ја поттикнува нивната желба за јадење, но мора да внимаваат да не мешаат сè.

Близнаци

Припадниците на овој знак всушност не се однесуваат многу поразлично кога се под дејство на алкохол или кога се трезни. Само стануваат малку побрзи – пијат брзо, зборуваат брзо, брзо преминуваат од тема на тема, од личност на личност… Тие немаат многу концентрација и ако нешто им пречи, можат да бидат дрски. Сепак, нивниот мозок сè уште работи и со по некоја чаша алкохол, па нивните забелешки и коментари за другите се смешни.

unsplash

Рак

Припадниците на овој знак буквално пијат како сунѓери. Кога ќе почнат да пијат, тие не знаат да престанат, а во исто време ги убедуваат сите околу нив да го следат нивниот пример. Тие стануваат гласни, се обидуваат да ја одржат ситуацијата забавна, а одењето дома за нив звучи како смртна казна. Почнуваат да флертуваат и тоа е сосема очигледно. На крајот на вечерта тие обично завршуваат некако тажни и разочарани.

Лав

Припадниците на овој знак сакаат да мислат дека не се пијани иако веќе испиле неколку чашки. Тоа многу зборува за нивната самоконтрола и желба да остават најдобар впечаток. Алкохолот ги релаксира и тие се однесуваат прилично слободно, баш онака како што им одговара. Затоа можат да прават прилично луди работи. Друга интересна работа кај нив е дека алкохолот им дава неверојатен дар за говор – многу зборуваат, додека не ја потрошат целата енергија.

Девица

Припадниците на овој знак ретко пијат алкохол, и кога пијат ретко преоѓаат на втора чаша. Под дејство на алкохол, сè им станува смешно и постојано се насмеани. Сите луѓе некако им се интересни и немаат проблем да најдат заедничка тема. Тие исто така имаат тенденција да претераат во зборувањето, а понекогаш дури знаат и да лажат. Знакот дека претерале со алкохол е моментот кога нивниот говор станува нејасен. Ако некој им каже нешто погрешно, тие се насочуваат кон нив и не се откажуваат додека не го докажат своето.

unsplash

Вага

Припадниците на овој знак честопати стануваат многу критични. Тие погрешно го толкуваат она што луѓето им го кажуваат и влегуваат во дебати но тоа го прават на многу комичен начин, што луѓето околу нив често им се смеат. Тие се во центарот на вниманието. Како и Ракот, тие ги убедуваат сите други да продолжат со славјето. Навистина се душата на забавата. Наредниот ден се срамат кога ќе слушнат што сториле.

Шкорпија

Умереноста не е во вокабуларот на просечната Шкорпија. Тие или се во алкохолизирана потрага за целосно уништување или само ќе испијат една чаша и ќе си одат дома. Под влијание на алкохол тие се многу духовити, а мозокот им работи брзо. Почнуваат да псујат, да ги задеваат сите околу нив, но стануваат и заводливи. Често им се случува да си најдат нови обожаватели до крајот на вечерта. Губат самоконтрола, па полесно си го отвараат срцето…

Стрелец

Кога Стрелците ќе се напијат, стануваат хиперактивни и супер спонтани – сите идеи за добредојдени. Тие стануваат многу забавни, но и нетактични, па дури и брутално искрени. Ова ги прави склони кон расправии. Се однесуваат како да се „пуштени од ланец“, немаат проблем да се качат на маса или да пеат гласно – сè во име на добрата забава. Тие се прилично гласни и е невозможно да не ги забележите.

unsplash

Јарец

Припадниците на овој хороскопски знак се целосно свесни за своите граници, важно им е да ги почитуваат, но понекогаш знаат да се напијат повеќе отколку што им е потребно. Колку повеќе пијат, толку повеќе се позабавни. Ги прераскажуваат оние најдобри приказни од минатото и ги смеат сите, а тие честопати знаат да се шегуваат и на своја сметка. Користат луди движења додека танцуваат и знаат комично да имитираат други луѓе. Не им кажувајте дека испиле премногу – ќе се обидат да ви го докажат спротивното.

Водолија

Припадниците на овој знак кога пијат алкохол стануваат вистински паметни луѓе. „Слушајте ме“ – е најчесто употребувана фраза во текот на ноќта. Претеруваат во работите што ги кажуваат, имаат идеја и совет за сите. Сепак, иако знаат да бидат напорни со својата духовитост, сепак знаат да ги насмеат сите.

Риби

Припадниците на овој знак кога пијат алкохол често зборуваат некохерентно, нивните мисли не можат да бидат сфатени, а за тоа придонесува и заплеткувањето на јазикот. Тие имаат добра толеранција, но тоа не им значи многу бидејќи алкохолот работи против нив – ги засилува нивните емоции и тие се во состојба буквално да се расплачат а во следниот момент веќе да се смеат.

Слични објави

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Астропрогноза за среда, 24 април: Неодоливост за Лавовите, нови сојузници за Рибите

еспресо

Крајот на април ќе израдува три хороскопски знаци: Еве кои се среќниците

еспресо

Астропрогноза за вторник, 23 април: Овните да ги контролираат зборовите, Стрелците да побараат прошка

еспресо

Избрани од универзумот: Четири хороскопски знаци на кои судбината ќе им донесе изненадувања наскоро

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 22 април: Успех за Лавовите, драматична промена за Стрелците

еспресо
Се вчитува....