8.8 C
Скопје
13:27 - 22 декември, 2024

(Фото) Трамп ја омажи ќерката, Бајден ќе ја мажи внуката: Тифани Трамп и Наоми Бајден, двојна венчавка на две богати Американки

Ќерката на Доналд Трамп се омажи вчера, внуката на Џо Бајден ќе каже „да“ за една недела. Првата се омажи во Мар-а-Лаго, другата – во Белата куќа. Интересно е што двете се врснички и пријателки од универзитетот, всушност – многу се блиски.

Две различни приказни со многу заеднички точки. Сепак, нивните презимиња не можеа да бидат подалечни, едната го носи презимето Трамп (Тифани Трамп), а другата презимето Бајден (Наоми Бајден). Едната е четвртата ќерка на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, родена во 1993 година од бракот со втората сопруга Марла Мејплс и која со години се смета за „заборавена ќерка“; другата е внуката на Џо Бајден, исто така родена во 1993 година од вториот син на американскиот претседател Хантер Бајден и Кетлин Буле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tiffany Ariana Trump (@tiffanytrump)

И двете се венчаат во ноември, со разлика од една недела. Прва што кажа „да“ е Тифани, вчера, 12 ноември, со церемонија од над 500 гости и трошок од околу милион долари, дефинирана од таблоидите како „раскошна“ свадба, но на која за малку ќе „налеташе“ ураганот Никол. Тифани за свој сопруг го одбра милионерот со либанско потекло Мајкл Булос, а свадбата се случи во резиденцијата на Трамп во Мар-а-Лаго, Флорида.

На 19 ноември венчаница ќе носи и Наоми Бајден која ќе се омажи за адвокатот Питер Нил во јужниот тревник на Белата куќа во Вашингтон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NKB (@naomibiden)

Тифани Трамп и Мајкл Булос

Тие се запознале во 2018 година на одмор во Грција, во клубот Миконос на актерката Линдзи Лохан, пријателка на двете. Мајкл Булос, роден во 1997 година, е милионер со либанско потекло, син на магнатот Масад Булос. Од Тексас, каде што е роден, се преселил во Нигерија, каде што пораснал, а потоа студирал економија во Лондон. Официјалната веридба се случи во 2021 година, само еден ден пред заклетвата на Џо Бајден и збогувањето со Белата куќа на кланот Трамп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tiffany Ariana Trump (@tiffanytrump)

Соопштението е дадено преку Инстаграм со фотографија од парот во дворот на Белата куќа. Предлогот во градините на Белата куќа дошол со дијамантски прстен во вредност, според магазинот People, од милион и двесте илјади долари.

На венчавката и претходеше „свадбен туш“ на кој присуствуваше и Иванка Трамп, сестрата на невестата, додека дел од настаните пред свадбата беа откажани поради пристигнувањето на ураганот Никол кој ден пред свадбата ја погоди Флорида.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tiffany Ariana Trump (@tiffanytrump)

Наоми Бајден и Питер Нил

Во куќата на Бајден се чини дека брачниот збор за венчавката на Наоми е трезвеноста. Како што беше и за објавата на официјалната свршувачка, која во 2021 година пристигна повторно преку Инстаграм, со обична снимка во спортска облека во која внуката на американскиот претседател го покажува прстенот. Дијамант со смарагд, кој ѝ припаѓал на бабата на младоженецот, американскиот печат го проценува на околу 30 илјади долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NKB (@naomibiden)

Како Тифани, и Наоми го запознала својот иден сопруг во 2018 година благодарение на некои заеднички пријатели. Питер Нил е адвокат роден 1997 година, страстен за политика, тој беше практикант во Белата куќа за време на претседателствувањето на Обама и ја следеше изборната кампања на Хилари Клинтон. Па логично свадбата ќе биде во Белата куќа. Инаку, последна венчавка во белата куќа на директен роднина на претседател на Соединетите Држави датира од 1971 година кога Триша Никсон се омажи за Едвард Кокс во градината на розите, за потоа да ги угости гостите на прием во Источната соба, под среќниот поглед на нејзиниот татко Ричард Никсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NKB (@naomibiden)

 

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....