-3.2 C
Скопје
02:11 - 18 декември, 2025

(Фото) Тијана Дапчевиќ смени имиџ: Престанав да се фарбам, многу си ги сакам седите влакна

Тијана Дапчевиќ е една од оние жени кои отсекогаш сакале природен изглед. Со години, таа е препознаталива по нејзината кратка, руса коса.

Сега, нашата пејачка и актерка која живее во Белград е на одмор во местото Сивири на Халкидики, каде што со години летува. Тијана на Инстаграм изненади со фотографија на која изгледа одлично, но сосема различно од претходно. Веќе ја нема нејзината руса коса, туку нејзината природна боја.

Тијана со сопругот и синот

Дапчевиќ вели дека е горда на своите бели влакна, и за „Еспресо“ објасни како дошло до оваа промена.

– Со оглед на тоа дека се фарбам и се бланширам веќе 30 години, зимоска, кога видов сериозна количина на бели влакна, решив да ја прошарам косата со темни прамени. Супер ми дојде промената. Сега си расте седо-сива коса, и многу си ги сакам седите влакна“, ни изјави Тијана.

Пејачката додава дека сега нејзината коса е многу полесна за одржување, и е среќна со својот изглед, што е јасно видливо на фотографијата од плажа.

Пред две години, регионалните медиуми пишуваа за уште промена во нејзиниот имиџ, намалувањето на вишокот килограми, а Тијана по тој повод изјави:

– Почнав да слабеам дури кога сфатив дека мене не ми треба никаква диета, туку да го променам мојот начин на живот. Ние жените имаме неверојатна блокада во главата кога ќе се спомене зборот диета. Тогаш мислиме само на храна и на тоа што ќе јадеме, а што не смееме да јадеме“, изјави пејачката за „Хит Информер“ тогаш.

Нејзиниот син Вук неодамна прослави полуматура, а гордата мајка објави семејна фотографија од неа, од сопругот Милан и од синот кој во февруари наполни 14 години, и од септември ќе тргне во средно училиште.

Тијана е актуелна со мјузиклот „Весели девојки“, заедно со нејзините колешки: Ивана Петерс, Маја Брукнер, Зорана Павиќ и Светлана Сретеновиќ со кои настапува насекаде низ Србија, а мјузиклот е доста популарен и баран кај публиката.

За жал, оваа година кај нас не ја гледавме како Германката Ула во хит серијата „Преспав“, која по шест сезони емитување, за првпат направи пауза, но најавена е и седмата сезона. Тијана најави и нови песни наскоро, а на таа тема, за Новости.рс, изјави:

-Веќе имам шест песни кои треба да ги снимам, во основа мини-албум. Решив да направам демо снимки со мојот бенд за сите шест, да ги објавам на социјалните мрежи и да ги оставам моите следбеници да одлучат што да снимам, а што прво да се објави – рече Тијана.

Фото: Инстаграм

 

Слични објави

„Мојта прва сопруга е преубава, а никој не пишува за неа“: Ова е поранешната сопруга на Данило Икодиновиќ 

E.A.

„Срцето ми беше полно што е тука“: Саша Ковачевиќ ја поканил поранешната девојка на концерт иако не ја видел одамна

E.A.

(Фото) Ова е единствената фотографија од првата жена на Раде Шербеџија: Во песна признал дека е виновен за крахот на бракот со Иванка

E.A.

Нада Топчагиќ искрено проговори за изгледот на колешката Вера Матовиќ: „Направила убави операции, но не може да ги скрие годините“

apostolova

Сексуално ги вознемирувал колешките под дејство на дрога: Хрватски режисер трајно исфрлен од Друштвото на хрватски филмски режисери

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ ја покажа својата ќерка: По концертот на Саша Ковачевиќ, директно кај својата миленичка

Еспресо
Се вчитува....