7.8 C
Скопје
00:01 - 28 април, 2024

(Фото) Која е Мелани Хемрик, жената која го „зароби“ срцето на Мик Џегер: По свршувачката, се чекаат свадбените ѕвона

Кога Сер Мик Џегер од Ролинг Стоунс го покажа својот дарежливиот дух за Божиќ во 2020 година, кога потроши речиси 2 милиони долари на подарок-вила за својата девојка Мелани Хемрик, (денес 36 годишна), веќе беше јасно дека легендарниот музичар има сериози намери кон оваа негова посебна личност.

Џегер тогаш ѝ купи имот со четири спални соби на Флорида на Мелани, а вилата ја крсти по нејзиното име. Згора на тоа, Мелани тогаш веќе му имаше родено и дете (синот Даверу) на Мик. Инаку, тој има осум деца, внуци, па дури и правнуци.

Двојката се запознала во 2014 година, на концертот на Џегер во Токио. Оттогаш имале отворена врска, но тукушто се појави веста која брзо го обиколи светот дека 79 годишниот Мик одлучил да ја однесе пред олтар Мелани.

Имено, тој ја запросил балерината, а таа на своите колеги од театарот веќе се пофалила со скапоцениот веренички прстен.

Инстаграм

Но, која е жената која го освои срцето на познатата рок ѕвезда? Мелани Хемрик, 36, е поранешна балерина (пензионирана во 2020 година) и се смета за една од најдобрите балерини во Соединетите држави. Таа е по потекло од Вилијамсбург, Вирџинија и тренирала во Источна Вирџинија, школа за изведувачки уметности, пред да помине пет години на Академијата за балет Киров во Вашингтон.

Нејзината претходна врска била со кубанскиот балетан Хозе Мануел Карењо до почетокот на 2014 година. Балетскиот пар беа меѓу водечките парови во САД, често појавувајќи се како ѕвезди на социјални и општествени настани и забави.

Двојката го пречека својот син, Деверу Октавијан Басил Џегер, во 2016 година. Хемрик подоцна се отвори за нивната врска и синот во интервју во 2018 година за да расчисти каков било сомнеж дека таа му е „попатна станица“ на Мик, односно дека е тн „Бејби мама“.

Инстаграм

„Не се сметам себеси за „Бебе мајка“, рече таа, а пренесе Дејли мејл. „Технички не сум омажена со таткото на моето дете. Но, со него имам неверојатна и прекрасна врска. Така што јас не се гледам себеси така“. Мелани тогаш истакна и дека не е заинтересирана да води див начин на живот. „Надвор од сцената сакам да читам. За време на паузите, обично одам во (американска книжарница) Barnes & Noble“.

И навистина балерината успеа да го скроти Џегер. Сега, откако го доби вереничкиот прстен, се чека само датумот за венчавка.

Инстаграм
инстаграм

Претходно Мик имаше цела лепеза на славни и убави жени. Со Бјанка Перез Мора Масијас се ожени во 1971 година, и се разведоа седум години подоцна. Истата година тој се ожени со супермоделката Џери Хол со која се разведе девет години подоцна. Ов ќе биде трет брак за рок легендата.

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ собори личен рекорд! Пејачот откри колку километри поминал денеска на пат за Грција, бројката е фасцинантна

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо
Се вчитува....