01:19 - 11 ноември, 2026

(Видео) Шакира пее за проблемите во кревет со Пике: Новата песна на Колумбијката пак урива рекорди

Објавена е нова песна и спот од Мануел Туризо и Шакира, во кои тој ја спасува Колумбијката, која е сирена со розова коса.

Песната се вика „Copa Vacia“ и, како што беше случајот со целата нејзина неодамнешна музика, фановите се нуркаа во текстот за да видат дали има некакви индиции за нејзиното раскинување со Жерар Пике.

Според некои обожаватели, најновиот хит на колумбиската пејачка тајно зборува за проблемите во спалната соба со нејзиниот поранешен партнер.

Песната е насловена „Copa Vacia“ односно во превод „Празна чаша“, а некои фанови веруваат дека зборува за сексуална фрустрација.

„Не знам што друго да направам за да добијам повеќе од тебе“, започнува стихот.

Бидејќи ти не сакаш кога јас сакам.

Постуден си од јануари.

Барам топлина, а ти не ми даваш ништо друго освен мраз.

Одамна сум жедна за тебе, а не знам зошто.

Останав да сакам повеќе и да пијам од празна чаша“.

Потоа следува уште еден дел од песната кој зборува за оставање на бизнис поради забава, поради што обожавателите на пејачката веруваат дека и оваа песна е наменета за Пике, бидејќи тој е познат по неговите успешни деловни потфати како и по страста кон забавите.

„Секогаш си толку зафатен со толку многу работа“, продолжува песната.

„Малку слободно време добро би ти дошло, љубов моја

Опушти се овде на каучот и посвети ми го твоето внимание.

Не мора да си поет за да ми го засладиш увото.

Спушти го телефонот, употреби ја раката на мене“.

Иако Шакира пее за „ставање на бизнисот на страна“, таа самата имаше многу успешен период во музичката индустрија. Колумбиската пејачка успеа да ја пренесе својата болка на нејзината музика за да се позиционира како една од најслушаните артисти во изминатата година.

Нејзиниот прв сингл за оваа година, со аргентинскиот продуцент Бизарап, влезе во историјата останувајќи најдолго на првото место во светот и соборувајќи дури 14 Гинисови рекорди.

 

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....