7.8 C
Скопје
03:11 - 30 март, 2026

(Фото сторија) Во викенд куќата на Трајче Чичевски во Горно Коњаре: „Секојдневно поминувам и по 50 километри само за да ги наводнам цвеќињата“

Чичевски Трајче е риболовец, градинар, господин од природата. Внуците пак, го обожаваат, а има и зошто. 

Фото-приватна архива

Тој е пензионер од Скопје. 40 години работел во АД Алкалоид, после пензионирањето пак, времето го поминува во викенд куќата во преубавото скопско село Горно Коњаре, кумановско.

Трајче е голем љубител на цвеќето, природата и риболовот.

Неговиот двор во село Горно Коњаре се простира дури на на 1.500 метри квадратни, од кои илјада се претворени во фудбалско игралиште со мали голчиња поради пасијата и љубовта на неговите внуци кон фудбалот.

Останатиот дел од дворот, особено во летно време, служи како плажа со лежалки и базен за уживање на целото семејство.

– Голем двор бара многу посветеност и одржување. Јас го правам тоа со многу љубов, не ми претставува никаква тешкотија да поминам и часови средувајки го дворот кога нема никој во куќата – ни открива Трајче и додава дека секојдневно поминува и по 50 километри само да ги наводни цвеќињата и да се врати дома.

Со господин Трајче стапивме во контакт преку неговата горда ќерка Љупка Чичевска Стоевска.

Инаку, Љупка е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија од дворот на Трајче.

Фото – приватна архива

(Фото) Дворот како предизвик, радост и најдобра терапија за душата: Весна ни ги отвора вратите на нејзиниот цветен рај

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....