18:39 - 7 ноември, 2026

Лаура Паузини откри дека е позитивна на корона откако и се слошило за време на финалето

Водителката на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Торино, италијанската пејачка Лаура Паузини (48), откри дека е позитивна на ковид-19 и дека всушност поради тоа и се слошило за време на преносот во живо.

– Да, нешто навистина не беше во ред. Од саботата не се чувствувам добро. Мислев дека тоа е предизвикано од насобран замор, но не било така. Само што дознав дека сум позитивна на коронавирус, поради што сум изолирана и не можам да патувам – напиша таа и додаде дека поради тоа нема да може да учествува на концертот Amor a la Música на Флорида.

Паузини, која го водеше изборот за песна на Евровизија со Алесандро Кателан и пејачот Мика, за време на гласањето одеднаш исчезна, а подоцна на социјалните мрежи објави дека и се слошило од преголем стрес.

 

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....