15.8 C
Скопје
22:16 - 21 октомври, 2026

(Фото сторија) Македонска убавина во с.Марино: Дијана – мајка на три убавици (ќерки) и бројни убавици (цвеќиња)

Дијана Златковска работи во приватна градежна фирма како администратор, но љубовта кон цвеќињата ја има уште од детството.

За дворот и куќата, кои се наоѓаат во село Марино (општина Илинден, како што вели таа најубавата општина) се грижи самата Дијана. Всушност таа живее во овој вистински зелен рај заедно со своите три ќерки.

-Средувањето на дворот ми претставува големо задоволство – ни открива Дијана, нагласувајќи дека тоа ја исполнува.

Дворот се простира на тристотини метри квадратни. Тука, претежно доминираат розите, но секако дворот изобилува и со најразлични други цвеќиња.

– Секој ден си бара посветеност – ни вели нашата соговорничка, а потоа ни објаснува зошто ја обожава розата.

„Затоа што ја симболизира љубовта и убавина“.

Таква е и Дијана, убава и полна со љубов кон своите убавици, ќерките и цвеќињата. А пред себе има и предизвици поврзани со дворот.

– Предизвик ми е кога ќе видам нешто ново во друго дворче, па сакам и јас да го направам и да го имам.

Совет за оние кои сакаат д апочнат да се занимаваат со огледување на цвеќе и воопшто, со градинарство?

– Пред се треба да го сакаат цвеќето, не е само да се насади и толку. Тоа сака љубов, внимание, редовно полевање…- објаснува таа и со насмевка предлага да се почне со рози. „Тие се многу полесни за одржување за почеток“.

Инаку, Дијана е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија од дворот на Дијана.

Фото – приватна архива

(Фото сторија) Во викенд куќата на Трајче Чичевски во Горно Коњаре: „Секојдневно поминувам и по 50 километри само за да ги наводнам цвеќињата“

Слични објави

(Видео) Сулејман и Хурем повторно заедно – Халит Ергенч и Мерјем Узерли се појавија на премиера на филм држејќи се за раце

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ објави фотографија со покојниот брат и ги растажи сите: „Таа рана никогаш не зараснува“

Еспресо

(Видео) Николија и Реља се венчаа во тајност – по 12 години љубов и две деца го кажаа судбоносното „да“

apostolova

Јелена Карлеуша итно отпатувала кај ќерките во Милано: Се загрижила за нивната безбедност по немирите

Еспресо

Видео кое ги топи срцата – Кнез си игра со внуката, ќерка му Ксенија ги снима

Еспресо

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо
Се вчитува....