06:00 - 7 април, 2026

(ФОТО) СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МАРТИЈА: Голема прослава, торта на три ката и многу музика!

Младата пејачка Мартија Станојковиќ го прослави својот 18-ти роденден организирајќи голема забава со многу гости. Мартија е активна како на македонската музичка сцена така и на српската музичка сцена која наголемо да ја освојува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARTIJA (@martijastanojkovic)


По повод својот роденден пејачката беше стилизирана во тесен фустан кој совршено ја следеше линијата на нејзиното тело, надополнето со гламурозна шминка и внимателно избран накит.

Фото: Принтскрин / Instagram

Иако во гардероберот на Мартија доминира црната и белата боја, сепак младата пејачка за роденденскиот изглед се одлучи за макси фустан во мастило боја.

Фото: Принтскрин / Instagram

Покрај прекрасниот фустан посебно внимание привлекоа и високите потпецици на шејачката кои наликуваа како стаклените чевли на Пепелашка.

Фото: Принтскрин / Instagram

Мартија е активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде ја следат скоро 70 000 фанови. Профилот на младата пејачка е вистинска уметност, спој на прекрасни фотографии и видеа, како професионални така и приватни фотографии и моменти споделени со фановите.

Фото: Принтскрин / Instagram

Профилот на Мартија беше преплавен од роденденски честитки, но и бројни фотографии од роденденската прослава.

Фото: Принтскрин / Instagram

Пејачката ги дувна свеќите на роденденската торта која беше на три ката, а потоа се пофатили со дел од подароците кои ги добила од своите гости.

Фото: Принтскрин / Instagram

Дел од гостите на оваа роденденска прослава беа пејачката Антониа Гиговска и нејзиниот партнер Иван Јованов од „Либеро бенд“ кои се погрижија прославата да биде исполнета со многу музика.

Фото: Принтскрин / Instagram

Среќен роденден Мартија!

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....