15:41 - 29 ноември, 2026

(Фото) Срцето избира: Борис Тадиќ ѝ се врати на првата љубов

Пред да ја започне политичката кариера, поранешниот претседател на Србија дипломирал клиничка психологија на Универзитетот во Белград, а првата љубов на Борис Тадиќ (65), многу пред да почне да студира, всушност била спортот.

Уште во тинејџерските денови се испроба во ватерполо, играше за ватерполо клубот „Партизан“, но мораше да се откаже поради воспаление на бубрезите. Тој не се прослави баш во тенисот и скијањето, додека беше многу добар во велосипедизмот и кошарката, кои многу ги сака и денес.

– Уште од детството го сакав спортот, а најмногу играв кошарка со другарите во дворот – вели тој во промотивното видео што го сними за време на претседателската кампања, кога се залагаше за враќање на спортот како задолжителен предмет, за воспоставување на училишни натпревари и формирање на бесплатни училишни клубови кадешто децата би можеле да тренираат.

Во тој период често можеше да се видат неговите фотографии од кошаркарското игралиште, бидејќи во слободно време рекреативно играше кошарка, но претходните години ретко имавме можност да го видиме Тадиќ во неформален амбиент.

Увид во тој дел од неговиот живот добивме преку социјалните мрежи, каде во последно време е поактивен и очигледно е во топ форма, како и тоа дека првата љубов на Борис Тадиќ ќе остане на неговата листа на приоритети се додека го служи здравјето.

– Враќање се на теренот – пишува во описот на фотографијата на поранешниот претседател на Србија на која тој со голема енергија игра кошарка.

Слични објави

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.
Се вчитува....