19:51 - 27 јуни, 2026

(Фото) Сестрата на Нина Бадриќ е вистинска убавица: Сунчица сите ја споредуваат со Моника Белучи

Хрватската пејачка Нина Бадриќ, која инаку вешто го крие приватниот живот од очите на јавноста, ги изненади своите следбеници на Инстаграм објавувајќи ја првата заедничка фотографија со својата сестра Сунчица.

Објавата предизвика лавина од позитивни реакции, при што следбениците биле воодушевени од нивната неверојатна сличност, прашувајќи се која од двете е поубава. Со заедничката фотографија и ознаката „сестринска љубов“, Нина кратко напишала: „Моето Сонце “, на што нејзината сестра возвратила со емотивни зборови: „- Те сакам многу, Жабо моја“.

Воодушевените обожаватели ги опсипаа сестрите со низа комплименти, па во коментарите можеше да се прочитаат изјави како: „А сестрата е како Моника Белучи“, „Боже мој, толку многу личите и прекрасни сте“, „Прекрасни дами“ и „Вие жени горите“.

Покрај складниот семеен однос, пејачката неодамна се осврна и на својот љубовен живот, отворено зборувајќи за наоѓањето партнер, емотивните предизвици и цената што ја носи тоа што е силна и независна жена. Во таа прилика, таа ги сподели следните мисли:

– Имаше многу тешки моменти, да не лажам, но тоа го оставив зад затворени врати и го исплакав сама. На луѓето на сцената изнесуваш само радост. Не сакам да бидам некој што ги оптоварува луѓето со мојот приватен живот. Многупати скапо го платив и преплатив туѓото друштво, навистина. Доживеав многу разочарувања во некои односи. Токму затоа што сум силна жена која знае што сака, платив за мојата сила. Платив за тоа многу, многу скапо. Меѓутоа, животот ме изгради, неверојатно, уште посилна. И тогаш сфатив дека е подобро да се биде сам и среќен отколку да се се собираат трошки од масата.Животот е толку краток за да бидам некаде половина. Секоја жена скапо ја плаќа својата сила, а јас само ќе кажам дека некој паметен еднаш одамна рекол: „И на силна жена ѝ треба нечие рамо, за да може да се исплаче, и да може тоа рамо да го понесе во животот, како секоја друга жена“. Јас сум како секоја друга жена, кога ќе се вратам дома ги облекувам тренирките, врзувам коњска опашка и почнувам да готвам, да размислувам и да ги имам сите тие проблеми што ги има секој од нас. Така што, силната жена треба да има уште посилно рамо покрај себе кое ќе ја носи низ животот, но ако го нема,  и тоа е во ред.

 

Слични објави

Јордан Митев со голем славенички концерт во Скопје

apostolova

(Видео) Столе Димитриевски ја круниса љубовта со Ирина со веселба во Куманово

Т.Ц.

Музичарот Александар Ицов слави десет години на сцената со два нови проекти

apostolova

Андријана Петрушовска промовираше уникатен албум со народни песни во ново руво

apostolova

(Фото) Бојан Илиевски се врати во Скопје – ја прославил победата во Ѕвездите на Гранд со сладолед, а добил честитки и од Елиф Елмаз

Т.Ц.

Идеално освежување за жешките денови – домашен леден чај кој можете да си го прилагодите според вкусот

Т.Ц.
Се вчитува....