23.8 C
Скопје
14:56 - 30 септември, 2026

(Фото) Први фотографии од свадбата: Внуката на Бајден Наоми како Грејс Кели, невеста во Ралф Лорен во Белата куќа

Внуката на претседателот на Соединетите Американски Држави носеше преубава класика за нејзината венчавка со Питер Нил: венчаница со тантела и извезен превез. Тренд инаугуриран од Грејс Кели, каков што сè уште го сакаат идните невести.

Грејс Кели во Белата куќа. Наоми Бајден се омажи за своето момче Питер Нил облечена во совршена класична венчаница дизајнирана од Ралф Лорен. Не протекоа никакви детали за строго тајната венчавка на внуката на претседателот на САД, а уште помалку за дизајнерот кој ја облекол се до завршувањето на свадбата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Weddings (@vogueweddings)

Наоми Бајден, која во животот се занимава со адвокатура, стажираше кај Том Форд. Иако сега се занимава со нешто друго, нејзиниот шик и современ стил издава одредена страст за модата. Поради оваа причина, имаше голема љубопитност за фустанот избран за судбоносното „да“.

Помеѓу имињата кои кружеа, беше и она на либанскиот дизајнер Рим Акра, многу сакан од Џил Бајден, но и Кристијан Сириано, Вероника Берд и Валентино.

Сепак, одлуката падна на Ралф Лорен. Наоми Бајден е негова голема обожавателка и има учествувано и на негова ревија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Weddings (@vogueweddings)

Ќерката на Хантер Бајден, и покрај нејзината млада возраст (на 23 декември ќе наполни 29 години) не одолеа на трендот омилен меѓу невестите кој трае од 19 април 1956 година, денот кога Грејс Кели се омажи за принцот Рение од Монако.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Weddings (@vogueweddings)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Weddings (@vogueweddings)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Слични објави

„Сепак ништо од тужбата“: Јелена Радановиќ проговори за скандалот со Ана Николиќ и откри како заврши сè

Е.А.

„Ја изневерив сопругата со Злата Петровиќ“: Познатиот хармоникаш шокираше со признанието за аферата

Е.А.

(Фото) Се омажи Сара Маркоска — некогаш беше најнадежната македонска пејачка, а денес живее бајка со саканиот Ричард

Еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша во мини фустан низ Милано со 25 години помладиот Александар, со нив се и нејзините ќерки

Еспресо

(Фото) Ноне Неделковска наполни 40 години — роденденот го прослави со торта и тренинг во фитнес сала

Еспресо

(Фото) Вистинска домаќинка – Ѓина Џиновиќ се пофали со своите вештини во кујната

Еспресо
Се вчитува....