22.8 C
Скопје
16:34 - 29 септември, 2026

(Фото) Погледнете во приватниот авион на Новак Ѓоковиќ: Чист луксуз за 18 патници, сѐ е направено според неговите стандарди

Новак Ѓоковиќ прелета 13.300 километри за само еден ден и од Доха пристигна во Буенос Аирес за да се прости од својот голем пријател Хуан Мартин Дел Потро, а потоа да му го врачи пехарот на победникот на Копа Либертадорес.

Сето тоа Новак го направи со својот приватен авион „Gulfstream G650“, кој се издвојува по една работа – има два мотори и е способен за долги летови како овој, кој траеше 19 и пол часа.

Новак од 2015 година ги користи услугите на приватна компанија која го одржува неговиот авион и обезбедува пилот и персонал. Што се однесува до внатрешноста на авионот, на фотографиите кои ги споделиле луѓето кои патувале со Новак се гледа дека пука од удобност и луксуз. Има место за 18 патници, опремен е со сите потребни предмети, а секој кој ќе се најде во него дефинитивно може да ужива.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Слични објави

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.
Се вчитува....