10.8 C
Скопје
22:00 - 19 октомври, 2026

(Видео) Руска актерка уживала на карпа и за минута бесни бранови ја однеле во смрт

Руската актерка Камила Биелјацкаја (24) почина кога огромен бран ја однел од нејзиното омилено место за уживање на популарниот туристички остров во Тајланд.

Актерката е фотографирана како седи на јога душек на карпа и гледа во Тајландскиот залив. Неколку секунди подоцна, била фрлена во разбрануваното море, преклопена со големиот бран кој ја однел низ водата.

Потресните снимки прикажуваат како актерката се бори и ја удираат морските струи. Камила е од Новосибирск, како туристка била во посета на своето момче на вториот по големина остров на Тајланд.

Нејзиното тело беше пронајдено во текот на викендот, на еден километар од местото каде што ја однел бранот.

Претходно таа со своите следбеници на социјалните мрежи споделила дека го сака ова место и дека често се враќа на него при нејзините посети на островот, кој го нарекувала „дом“ и „најдоброто место на светот“.

Еден човек влегол во брановите обидувајќи се да ја спаси, но безуспешно.

Камила претходно објавила за овој место: „Оваа камена плажа е најдоброто нешто што сум го видела во својот живот. Ти благодарам, универзуме, што сум овде сега. Многу сум среќна. Среќна сум!”

Снимките ја прикажуваат неа на местото каде што загинала. Таа отишла до видиковецот за да ги набљудува брановите, а била видена како пристигнува со црвен автомобил пред да оди сама до карпите.

Таа ја извадила простирката од багажникот на својот автомобил пред да отиде до местото кое нуди панорамски поглед на островот. Подоцна простирката била видене како лебди во водата кај Кох Самуи, еден од најпопуларните острови во Тајланд.

Спасувачките екипи се соочиле со проблеми поради бесните бранови и иако пристигнале само 15 минути откако таа била однесена во морето, не можеле да направат ништо за да ја спасат актерката.

 


 

Слични објави

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.
Се вчитува....