17:01 - 19 ноември, 2026

(Фото) Огњен Амиџиќ ѝ подари патување на Малдиви за роденден на Мина

Сопругата на водителот Огњен Амиџиќ, Мина Наумовиќ, на 16 октомври го прослави роденденот, а од сопругот на подарок доби патување на егзотична дестинација.

Имено, Мина објави фотографии на Инстаграм и по тој повод откри каде се моментално таа и Огњен.

Двајцата пристигнаа на Малдивите каде што ќе уживаат во следните неколку дена, а Мина им го покажа рајот кој ги опкружува.

– Моето омилено место – напиша Мина.

Да потсетиме, Огњен ја прекина емисијата „Амиџи шоу“ за да ѝ го честита роденденот на Мина.

– Ќе ве замолам за секунда внимание. На жена ми ѝ е роденден и сакам да ѝ честитам со песна – рекол Огњен, по што добил громогласен аплауз.

– Мирза ќе ја пее, песната се вика „Мина“ – додаде водителот, а Селимовиќ се фатил за микрофонот.

Сите присутни очигледно уживаа во музиката, а по честитката Амиџиќ го продолжи шоуто.

Слични објави

Јована Јеремиќ се омажи за Тигар! Тајна венчавка во црква, невестата и младоженецот пресреќни

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Планирате бременост?

Еспресо

Долг кариран капут, проѕирни хулахопки и чизми до колена: Сара Јо се појави во „без панталони“ модно издание

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ ја покажа креативната страна додека ужива во луксузниот одмор на Малдиви

Еспресо

(Фото) Не ги пропуштајте големите ноемвриски попусти на трпезариски и клуб маси во Wood room

apostolova

Животот им носи неверојатен пресврт на три хороскопски знаци — пристигнува полната Месечина на 24 ноември

К.С.
Се вчитува....