14:34 - 31 октомври, 2026

(Фото) Новиот Супермен е суперзгоден и се одѕива на името Дејвид Коренсвет: Не толку познатиот актер е следната ѕвезда во подем

Не толку познатиот на јавноста актер, младиот (29) и згоден Дејвид Коренсвет, е одбран за улогата на следниот Супермен која несомнено ќе му донесе светска слава.

Веројатно изборот паднал токму на него поради неговата сличност со претходникот, поранешниот Супермен, одосно Кларк Кент, кој го толкуваше актерот Хенри Кавил.

Новиот филм од серијалот за суперхеројот со препознатливата црвена наметка е насловен „Супермен: Наследство“ и ја раскажува приказната за патувањето на Супермен (Коренсвет) да го усогласи своето криптонско наследство со неговото човечко воспитување како Кларк Кент од Смолвил, Канзас. Тој е олицетворение на вистината, правдата и американскиот начин на херојство. Херојот е воден од човечката добрина во свет кој го смета овој квалитет за старомоден.

Коренсвет се здоби со широко признание за неговата улога во серијата на Нетфликс „Политичарот“. Тој, исто така, неодамна глумеше во прославената инди-серија на А24, „Бисер“, но некои други позначајни улоги, барем според популарноста, не одекнаа во јавноста.

Слични објави

Пејачката Мијата прослави 19 години љубов со сопругот: Романтика на плажа со песна од Селин Дион

Еспресо

Улогата на Снежана Савиќ во „Подобар живот“ требало да ја добие оваа пејачка!

Еспресо

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

(Фото) „Сине мој, мојот најголем благослов…“: Немања Гудељ сподели емотивна објава за синот Илијан

Еспресо

Греено вино за студените есенски вечери — едноставен рецепт што ќе ви го стопли домот

К.С.

Слоба Радановиќ ги прозва колегите: „Не ги пеат моите песни бидејќи им се тешки, подобро да не се мачат“

Е.А.
Се вчитува....