12:19 - 24 ноември, 2026

(Фото) Никој не ја препознал Цеца на аеродром! Се камуфлирала со качулка и ставила црни очила, а во раката носела прескапа чанта!

Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ синоќа имала голем концерт во преполната сала во Брежице, Словенија.

Цеца денеска ја уливиле на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, а малкумина ја препознале, пишува српски „Блиц“.

Имено, пејачката при слетувањето во Белград била камуфлирана, облечена во црна јакна со качулка на половина од лицето, црни очила за сонце, а во раката носела прескапа чанта.

Цеца како и секогаш била расположена и не ја симнувала насмевка од лицето, а откако излегла од аеродромот, ја чекал возач да ја однесе во вилата на Дедиње.

Фотографиите од Цеца на белградскиот аеродром можете да ги погледнете ТУКА.

Цеца Ражнатовиќ неодамна откри како ја усовршила својата фигура.

– Навистина ја доведов мојата фигура до совршенство, но без никакви ригорозни диети, без оние работи што се инјектираат, оземпик, чуда, кои сега се многу популарни и многу опасни, нездрави и директно влијаат на тироидната жлезда и панкреасот. Со тоа не треба да си играш. Затоа што тој лек всушност го користат дијабетичарите. Не е ни важно. Едноставно решив да не јадам ништо по 19 часот и да пијам само вода. И во една прилика реков, понекогаш пијам пиво. И тогаш ме прашаа како пијам пиво, кога дебелее. Велам, не ме дебелее, сакам пиво, но тоа е навистина тоа.

 

 

Слични објави

Рецепт за француски колач со јаболка и ванила – неодоливо сочен десерт со мирис на есен

К.С.

„Бев малолетна“: Наташа Беквалац откри на колку години го имала првиот интимен однос

Е.А.

(Видео) Таско искрено за загубата на првото бебе: „Сфатив дека имам личност којашто стварно ќе биде бетон до мене“

К.С.

(Фото) Маја Гроздановска-Панчева изгледа неверојатно на 53 години — пејачката се појави во елегантно издание на настап во Скопје

К.С.

Дневен хороскоп за 24 ноември: Добрата организација ќе ви помогне да избегнете непотребна нервоза

apostolova

„Не сакаше да излезе од куќата, па морав јас да ја напуштам“: Ќерката на Дино Дворник за болниот развод со Британецот

Еспресо
Се вчитува....