13.8 C
Скопје
23:54 - 27 септември, 2026

(Фото) Насмевка – Лозано сподели преубав семеен момент со синот Марко

Влатко Лозаноски – Лозано сподели преубава фотографија со својот си Марко кој во октомври ќе наполни две години.

Поп-пејачот во неколу наврати има изјавено дека не пропушта ниту еден момент од растењето на Марко, а фотографијата која ја сподели е направена во опуштена атмосфера на детска прослава, опкружена со балони.

Посебен печат ѝ дава песната која Лозано ја споделила, „Насмевка“ на неговиот колега Слаткаристика. Оваа песна Слаткар му ја посвети на синот Моша.

„Татковството е најодговорната, но и најубавата улога што сум ја имал досега. Те менува од корен, те учи на трпение, на безусловна љубов и на тоа да ги гледаш работите од поинаква перспектива. Секој ден е ново учење и, искрено, уживам во секој момент, без разлика дали е лесен или предизвикувачки. Се трудам да бидам присутен и вистински вклучен, затоа што верувам дека времето и вниманието се најголемиот подарок што можеш да му го дадеш на своето дете. Семејството ми е темел и сила и токму од таму црпам инспирација и рамнотежа во сè што правам“, изјави Лозано во интервју за „Слободен печат“.

Во март, тој одржа успешен концерт во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје со повеќе гости.
Дел од гостите во публиката, покрај родителите, сестра му и сопругата, беше и малиот Марко. Во еден момент, Лозано го качи синот на сцената и го претстаави на публиката.

„Марко ме промени повеќе отколку што можев да замислам. Ми ги сменија приоритетите, ме направи поприсутен во моментот и ми даде поинакво чувство за одговорност и смисла. Со него научив дека вистинската сила е во тивките секојдневни моменти, а не само во големите сцени“, изјави пејачот.

Слични објави

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо
Се вчитува....