23:42 - 7 ноември, 2026

(Фото) Маја Николиќ ја отвори летната сезона – пејачката позираше во бикини покрај плажа

Српската пејачка Маја Николиќ реши да ја отвори летната сезона и да ги почести своите следбеници на социјалните мрежи со жешки фотографии од плажа.

Таа самоуверено позираше во сино бикини кое ги истакнуваше нејзините облини и исончаниот тен.

Со очила за сонце на лицето и препознатлива руса коса, пејачката ја покажа својата фигура.

Оваа објава уште еднаш докажа дека пејачката привлекува внимание каде и да се појави и дека ужива во секој момент од летото.

Да потсетиме, пејачкатанеодамна откри дека искеширала 7.000 евра за песната „Жали срце моје“, со која настапи на ПЗЕ 2025, а оваа година аплицираше и за ПЗЕ 2026, но не помина.

Неодамна зборуваше за своите песни, а потоа откри детали за тоа како ги финансирала и за своите хонорари.

– Двете нови песни чинат многу и јас самата ги платив. Сè инвестирам сама, немам спонзори. За „Жали, срце моје“ платив 7.000 евра на авторите Рале Ратковиќ и Александар Копач. Работам секој петок и сабота. Кога немам, земам кредит како секој нормален човек и ги отплаќам моите песни. Пеам на свадби, прослави, и на домашна и на странска музика, народни песни – рекла Маја Николиќ и открила дека еднаш настапувала на новогодишни прослави за огромен хонорар.

– Хонорарот ми е важен. Пеам на две места и добивам приближно ист хонорар како што добива некој на едно место. Многу е подобро да се работи и да се биде скромен и да се трае 35 години како мене. Бев најголема ѕвезда додека не отидов во Америка. Моите настапи чинеа 10.000 марки, а новогодишните 50.000 марки. Тоа е притисок што никој не може да го издржи. Работев седум дена во неделата и апсолутно сакав да побегнам од забавната индустрија. Избирам места само за мојата душа. Естрадата е езерце полно со крокодили – рекла Николиќ.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....