09:01 - 23 јули, 2026

(Фото) Лука Радовиќ заглавен на невремето во Скопје, додека неговата Тамара Тодевска со сестра ѝ Тијана ужива на море

Лука Радовиќ, партнерот на Тамара Тодевска, се соочи со вистински предизвик на невремето кое го зафати Скопје вчера, а поголемиот дел од улиците беа поплавени.

Додека познатите сестри, пејачките Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ ги користат летните денови за опуштање на грчкото крајбрежје, Лука им испрати интересна порака.

Пејачките споделија прекрасни моменти од нивното патување во Сивири. На фотографиите може да се види како тие уживаат во мирното море, пловејќи на даска (СУП).

Но, додека тие уживаат во морската идила, реалноста на Лука Радовиќ во Скопје е сосема поинаква. Лука се нашол заглавен во сообраќаен метеж под еден од скопските подвозници, кој по се изгледа бил целосно поплавен од летен пороен дожд.

Стиснат меѓу колони автомобили кои едвај се пробиваат низ надојдената вода, тој на хумористичен начин им се обрати преку својот Инстаграм-профил. Споделувајќи го видеото од поплавената улица со тажно емотиконче, тој напиша: „Сивири се слушаме ли!?!?!?“ тагнувајќи ги и Тамара и Тијана која ја сподели неговата објава.

Поп-пејачката Тамара Тодевска, веќе подолго време е во љубов со архитектот и дизајнер Лука Радончиќ и не крие дека е исполнета и среќна.

„Спонтаноста, едноставноста, позитивната енергија се секогаш особините што ме привлекувале… Лука е многу внимателен и посветен. Оттука, јасно е зошто добро функционираме.
немам проблем да покажам кога сум вљубена и кога некого сакам безусловно. Тоа колку е добро, толку е и лошо. Затоа што на „тацна“ ставам дел од мојата приватност, од мојата интима, но тоа сум јас. Секогаш искрена, директна и отворена кон сите. Немам големо его и свесна сум дека светот не се врти околу мене. Тешко дека би се променила во иднина. И ова не е само на љубовен план туку буквално и во другите сегменти од животот“, изјави Тамара во едно интервју за „Слободен печат“.

Слични објави

Дневен хороскоп за 23 јули: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

(Фото) Душко Тошиќ ја претвори старата семејна куќа во луксузна вила со базен

Еспресо

Семејството Џиновиќ на луксузни дестинации: Ѓина во Шпанија се вози со приватен хеликоптер, Мелина ужива во Монако

Т.Ц.

(Фото) По сите несогласувања повторно заедно: Ѓогани, Миљковиќ и Атијас се собраа на семејно дружење

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ објави прва фотографија од синот Илијан, а покажа и како изгледала во бременоста!

Еспресо

Даниел Николовски за братот близнак: Телефонскиот разговор секогаш ни завршува со „те сакам“

apostolova
Се вчитува....