19:16 - 24 ноември, 2026

По 23 дена поминати во болница, се огласи вереникот на Мина Костиќ: Еве како се чувствува денес пејачката

Пејачката Мина Костиќ и нејзиниот вереник Мане Ќурувија, познат како Каспер, по напуштањето на болницата заминаа на одмор, далеку од очите на јавноста. По тежок период, двајцата одлучиле да се посветат на одмор и мир.

По излегувањето од Психијатриската болница „Д-р Лаза Лазаревиќ“, каде што престојуваше 23 дена, Мина, според медиумските информации, извесно време не го напуштала својот дом. Потоа, заедно со вереникот отпатувала на море.

Каспер за „Блиц“ откри како се чувствува пејачката во моментов.

„Мина е одлично. Уживаме во одморот и мирот. Поздрав од двајцата“, изјавил тој кратко.

Здравствената состојба на пејачката во изминатиот период предизвика голем интерес во јавноста, а нејзините соседи тврдат дека по враќањето од болницата таа речиси воопшто не излегувала од станот.

„Мина не сме ја виделе откако беше пуштена од ‘Лаза’. Откако се врати, не излегуваше од станот. Цело време со неа беше Каспер. Тој повремено излегуваше за да ги прошета кучињата во паркот, но од неа немаше ни трага ни глас. Беше дома сè до пред два или три дена, кога заедно заминаа некаде. Слушнав дека отишле на море за малку да се опорави и да се тргне од сè што ѝ се случуваше. Веројатно ќе посетат и некој манастир, бидејќи сигурно ќе ѝ годи по сè што помина“, изјавиле соседи на пејачката за „Курир“.

Слични објави

Го напушти Мостар со 200 марки в џеб, преживеа семејна трагедија и стана една од најголемите регионални ѕвезди

apostolova

(Видео) „Мојата најдлабока болка и успех во исто време“: Сопругата на Кун од „2Бона“ отворено за процесот на замрзнување ембриони

К.С.

Кија Коцкар изненади многумина: „Мирна ми е главата кога немам кредити, а среќна ќе биде личноста на која еден ден ќе ѝ оставам сè“

Е.А.

Декември ќе им ги исполни најголемите желби — три хороскопски знаци ги очекува среќен крај на 2026 година

К.С.

(Фото) Вељко ги испиша синовите од градинка, а сега покажа што прават во Тител – малечките до колена во кал

Еспресо

„Ме удри во главата, па ме давеше“: Потресно сведоштво на Николина Пишек за насилството во бракот со Видоје Ристовиќ

Т.Ц.
Се вчитува....