12:56 - 9 ноември, 2026

(Фото) ЈК испрати порака до колешката која се допишуваше со Душко: Од 1.000 Северини, биди Карлеуша!

Српската пејачка Јелена Карлеуша ѝ испрати силна порака на хрватската пејачка Северина Вучковиќ, со која неодамна влезе во војна поради својот сопруг Душко Тошиќ.

Карлеуша на социјалните мрежи ја сподели песната „Мушкарац који мрзи жене“ со зборовите:

„Од илјада Северини, биди Карлеуша“, напиша таа.

Јелена преку социјалните мрежи индиректно ја „поткачи“ Северина, која преку социјалните мрежи ѝ ја прати преписката со Душко, со кој таа сè уште е во брак.

По тој повод неодамна се огласи и Тошиќ за „Курир“.

Според неговите зборови, блиски пријатели му предложиле дека најдобро би било да ја ангажира Северина да им пее на забавата.

– Неодамна купив јахта која е паркирана на Босфор и сакав да направам прослава по тој повод, а моите пријатели од групата „Whats up“ предложија да ни пее Северина. Ете, тоа е причината за мојот контакт  – рекол љубезно Тошиќ за српски „Курир“.

Да потсетиме, приватната преписка меѓу Северина и Душко ја виде светлината на денот, а војната меѓу пејачките започна откако ЈК јавно ги осуди изјавите на Северина на тема Сребреница, кои хрватската пејачка ги даде во интервју за време на престојот во Сараево.

Јелена откри дека се запознала со Северина на некој настан и дека тогаш поминала покрај неа, но не ја препознала бидејќи во живо и на фотографии изгледа поинаку.

Слични објави

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.
Се вчитува....