14:40 - 28 ноември, 2026

(Фото) Има 76 години и неверојатно тело! Српската дизајнерка Верица Ракочевиќ покажа како изгледа во костим за капење!

Иако полека се приближува до 80-тата година од животот, многумина и понатаму се во шок и мислат дека е некоја грешка, затоа што познатата српска модна дизајнерка Верица Ракочевиќ изгледа како да нема повеќе од 50 години. Модната дизајнерка има 76 години, а сега ги воодушеви сите со фотографија во костими за капење и со линија и тело на многу помлада жена.

Инаку, Верица и нејзиниот сопруг Вељко Кузманчевиќ одлучиле да посетат земји со камперско комбе, па така настанала оваа фотографија во костим за капење.

– Кога ги ставив на вага доблестите и маните на Вељко, сфатив дека ако не е таков, животот ќе ни биде здодевен. Денес поради него, наместо во хотели со пет ѕвезди, летувам во камп приколка – искрено рекла познатата модна креаторка.

Инаку, Верица и Вељко одлучија да застанат на „лудиот камен“ по само една недела врска, но никогаш поради тоа не се покајале.

– Со оглед на тоа што Верица е некој којшто пред себе има многу нешта да направи, но суштината веќе ја кажа и направи, не ѝ преостана ништо друго освен да живее под полн гас, ослободена од сите стеги. Што се однесува до мене, отсекогаш ме нервирала реченицата: „Мора да се смириш и да се здомиш“. Никогаш не сум размислувал каде ќе бидам и што ќе правам за две, три или пет години. Не ми треба стан ниту ѕидови. Јас сум номад и целосен лудак кој животот го сфаќа како игра. Во тоа сме многу слични – изјавил Вељко Кузманчевиќ за магазинот „Стори“.

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.
Се вчитува....