10.8 C
Скопје
17:29 - 30 март, 2026

(Фото) „Им ги крадеме мажите на жените“: Мина Наумовиќ по жестоката прозивка, возврати со иста мерка!

Мина Наумовиќ, сопругата на српскиот водител Огњен Амиџиќ, добила порака на Инстаграм која ја сподели со сите.

Имено, Мина објави своја фотографија на споменатата социјална мрежа и на своите следбеници им го постави прашањето: „Што правите на семафор? Пишете ми идеи во коментари“.

По нејзината објава, пристигнале многу пораки, а една ја споделила и јавно.

„Им ги крадеме мажите на жените и ја уништуваме иднината на децата оставајќи ги да живеат без родители“, гласела пораката што ја добила Мина, на што веднаш имало остар коментар.

„Прашањето е што правите на семафорите, а не дали страдате од параноична шизофренија“, напишала Мина.

 

 

Ова не е првпат Мина да се соочува со негативни коментари откако беше откриено дека е во врска со Огњен Амиџиќ, кој е 17 години постар од неа. На почетокот на врската го критикуваа и нејзиниот „пластичен изглед“, поради што реагираше и самиот водител:

„Верувале или не, 100 отсто е природна. Ниту 1 отсто ГМО, филери и пластика. Затоа што читам сешто, а не ја сакам неправдата”, напиша еднаш Огњен Амиџиќ.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin
Се вчитува....