07:16 - 12 март, 2026

(Фото) Игор Џамбазов и Гуру Харе промовираа албум: Жени, каде бевте пред 3-4 години?

Игор Џамбазов секогаш избира симболични датуми за промоции, концерти и важни настанина кои се појавува. Сношти, на 4 јули, заедно со музичарот Игор Атанасовски (Гуру Харе) го промовираа нивниот заеднички албум „Првите триесет“.

Игор настанот го направи троен, освен на албумот, ова беше и промоција на 20. издание на неговата најпродавана книга „Гол човек“, како и на маичките со стиховите од нивните песни. Локалот беше преполн, а Џамбазов и Харе, кои се другари повеќе од 30 години, на гостите им го потпишуваа новиот албум на кој има и добро познати хитови.

-Добредојдовте на 4-ти јули. Во наше време, тоој ден беше познат како ден на борецот. А, ние сме познати како единствени боци против кичот, шундот, турбо-фолкот и плејбекот. Добредојдовте истомисленици. 4-ти јули исто така е и Ден на независноста на земјата каде што е измислен блузот. И 4 јули, роденден на многу од гостите овде вечерва. Сите сте правени во ноември, леле, исто како мене“, рече Џамбазов кој на 15 јули ќе наполни 60 години и раскажа уште една оригинална приказна.

-Една денеска ми напишала на Инстаграм. Оди си бе, да те нема, доста од тебе. Па дајте на ова младиве остапате простор. И со Харе се договоривме: Од утре, на младите им оставаме, што не значи дека ние ќе престанеме да свириме, ама еве, од утре на младите им оставаме. Абе млади, кај и да е, староста утре ќе дојде и кај вас“, рече Игор. Со Харе, во живо ни пренесоа дел од својот блуз кој повеќе од три децении е актуелен кај народот, а многу од нивните песни имаат свои преработки од помлади музичари. Џамбазов во свој стил се пошегува дека има многу жени во публиката и искоментира:

-Жени, каде бевте бе вие пред 3-4 години? Лани останав сирак, оваа година останав ерген, другата година изгледа нормален ќе останам“, рече Игор и кажа дека тој и Харе самите си се спонзори на албумот.

-Дечки, „Првите 30“ се вика нашиот заеднички албум, имаме многу пријатели што го помогнаа.  Ние сме си спонзори, Харе и јас, и нашиот менаџер Васко Павлески, а „Слободен печат“ е нашиот медиумски спонзор. Ако не знааете што е менаџер, сега ќе ви кажам. Тоа е оној човек- чичко што никогаш не ја работел твојата работа, ама ја знае десет пати подобро од тебе. Албумот завршува со една песна што се вика „Три еспреса и Бон аква“ отсвирена во живо во 2001 година, на летниот џез фестивал во Куманово“, рече Џамбазов . Харе пак кажа еден интересен и важен феномен. Пијалокот за кој пеат веќе го нема, а тие двајца се уште овде и според убавата атмосфера која ја направија пред публиката сношти, ќе бидат уште долго.

На промоцијата дојдоа многу нивни пријатели: Весна Петрушевска, Тони Михаловски, Лила Стојановска, а меѓу гостите беше и српскиот актер Милан Калиниќ. Диџеј Зоки Бејбе направи убава забава за гостите во „Beer Garden“ пред Игор и Харе.

Фото – Драган Митревски

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....