11:43 - 17 ноември, 2026

Не очекувајте да го видите Даниел Редклиф пак како Хари Потер: „Им посакувам среќа во новиот проект“

Даниел Редклиф е синоним за Хари Потер, но иако тој е заштитно лице на франшизата, не очекувајте да го видите во претстојната серија. Актерот неодамна даде интервјуа промовирајќи го својот нов проект, но одвои време да одговори на неколку прашања за новата содржина од франшизата.

Во неговиот разговор со Е.Т., 33-годишната ѕвезда ги откри своите размислувања за претстојната ТВ серија „Хари Потер“ и можноста за негово враќање.

На прашањето дали ќе ја повтори својата легендарна улога, Редклиф ги изрази своите сомнежи, споделувајќи го своето верување дека новата серија има за цел да создаде ново искуство за фановите и дека не се гледа себеси во неа, но им посакува среќа во новиот проект.

Иако Редклиф не сака активна улога во новиот проект за Хари Потер, тој сака да стави на знаење ја поддржува новата серија и дека ја разбира желбата на креаторите да остават свој белег во магичниот универзум и верува дека неговата вклученост можеби нема да се усогласи со нивната визија.

Претстојната ТВ серија „Хари Потер“, на која извршен продуцент е самата Џ.К. Роулинг, ветува дека ќе му остане верна на магичниот свет во кој се заљубија обожавателите.

Слични објави

Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ ги спакуваа куферите и побегнаа од Србија: „Не отидовме на Бали, но менуваме дестинација“

E.A.

(Фото) По повод Светскиот ден на предвреме родените бебиња — Маја Кикириткова им посвети емотивна порака на своите деца Лазар и Ева

apostolova

За утро што мириса на цимет — рецепт за меки ролнички со кремаст прелив

К.С.

Наутро мотивирана, навечер без карактер: Дали навистина проблемот е во недостигот на дисциплина?

Еспресо

Хороскоп за 17 ноември: Лавови, вашата позитивна енергија ќе донесе мотивација во работното опкружување

Еспресо

(Видео) Се огласи соседката чиј автомобил изгоре покрај џипот на Александра Пријовиќ: „Бесна сум како рис, немам никаква врска со ова“

Еспресо
Се вчитува....