7.8 C
Скопје
23:30 - 6 октомври, 2026

(Фото) Елена Ристеска: Си поминав грандиозно во Сараево, но ми фалеше Давор

Елена Ристеска е пресреќна по патувањето во Босна и Херцгеговина, каде што минатата недела имаше два настапи еден по друг, во Сараево, и во Бања Лука.

Облечена во интересна креација со длабок шлиц за која доби доста комплименти од фановите и од пријателите, поп-ѕвездата вели дека за стајлингот ѝ помогнала и мајка ѝ. За шминката, таа се пофрижила самата. По долги години искуство со настапи, Елена во Сараево изгледаше како да ја нашминкал професинален шминкер.

Концертот на „Регина“ со Сараевската филхармонија се одржа во рамките на програмата „Културата на улиците во 2023“, со интересен наслов, „Кога ќе полудиме“.

-Концертите одлично поминаа. Едниот беше во Сараево, со Сараевската филхармонија, со групата „Регина“, особено затоа што се одржа во еден грандиозен простор, во Народниот театар. Првично, концертот требаше да се одржи надвор, на отворено, но поради временските услови беше во Театарот. Малку е криво што Давор Ебнер веќе не е дел од групата, тој беше пејачот долги години“, вели Елена чиј дует со „Регина“ за песната „Љубав није за нас“, и денеска се слуша. Песната, Елена и тогашниот пејач на фрупата Давор, кој сега гради соло кариера ја снимија во 2006 година.

-Аца (Александар Човиќ) кој е гитарист и лидер на бендот, сега ги пееше сите песни. Ми недостасуваше Давор на сцената прво поради неговата енергија. Со Давор ја пеевме оригиналната верзија на песната, а со Аца сега требаше да ја пеам два тона подолу, и ми беше тешко, затоа што чувството е како да пееш друга песна, а не таа. Но, генерално беше прекрасно, убаво се погоди сѐ, и времето, и луѓето. Имавме три интервјуа претходно, за три телевизии“, раскажа Елена за „Еспресо“.

-Генерално, босанците се гостопримливи многу, менталитетот ми се допаѓа, многу е сличен на нашиот. Со убава енергија се, и ТВ екипите на емисиите, и публиката, и музичарите на сцена, мелем се, убавина“, вели поп-пејачката.

Утредента, Елена повторно настапила во дует со групата „Регина“, овој пат во Бања Лука во рамките на фестивалот „Денови на музика“.

-Во Бања Лука следниот ден доживеавме една сосема различна приказна. Тоа беше еден фестивал на рок и метал, сосема спротивно од настапот во Театарот во Сараево. Беше една убава, рокерска атмосфера. Исто ја пеев „Љубав није за нас“ со Аца. Ќе го паметам ова гостување како нешто многу убаво. Се надевам дека наскоро ќе имам некоја песна која ќе можам да ја промовирам низ целиот Балкан, и се верувам дека наскоро пак ќе се вратам во Босна“, ни раскажа Елена.

Фото: Фејсбук/ Елена Ристеска

 

 

Слични објави

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Еспресо

(Фото) Синот на Анастасија Ражнатовиќ носи фармерки што чинат и до 700 евра! Бебето е опкружено со луксуз, но има и скапа гардероба

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ се спакува и замина од родното Смедерево: Сега покажа како изгледа нејзиниот стан во Белград

Еспресо

Младата Месечина во Вага ќе им донесе среќа на четири хороскопски знаци — ќе започне период на нови можности

К.С
Се вчитува....