09:56 - 3 ноември, 2026

(Фото) Двојна семејна прослава кај Дарко Илиевски — ја крстија ќерката Ана, а синот Матео наполни седум години

Македонскиот пејач Дарко Илиевски и неговата сопруга Ивана деновиве имаа повеќе убави поводи за славење. Нивниот син Матео го прослави седмиот роденден, а семејството ја организираше и крштевката на ќеркичката Ана.

Пејачот и неговата сопруга, кои со своите деца живеат во Флорида, споделија фотографии од семејните прослави на социјалните мрежи.

„Колку посебен ден. Крштевката на Ана“, напиша Ивана покрај фотографиите на кои нивната ќеркичка е облечена во прекрасно бело фустанче.

 

View this post on Instagram

 

Семејството позираше за заеднички фотографии во црквата, но и во ресторанот каде што се одржа прославата по повод крштевката.

Матео, пак, својот седми роденден го прослави во друштво на другарчињата, а посебно изненадување за славеникот беше појавувањето на Спајдермен.

„Седмиот роденден на Матео. Те сакаме многу, Матео“, напиша Илиевски покрај фотографиите од роденденската прослава.

 

View this post on Instagram

 

Инаку, Дарко и Ивана се во брак од 2016 година, а пред само четири дена ја прославија и десетгодишнината од венчавката.

Слични објави

Есенски десерт што мириса на цимет — направете вкусни емпанади со тиква

Еспресо

Дневен хороскоп за 3 ноември: Избегнувајте избрзани одлуки

apostolova

Болна исповед на Дарко Лазиќ по смртта на брат му Драган: „Половина од мојот живот си однесе со себе“

Еспресо

Коста ќе добие вистинско богатство за 18. роденден: Дара Бубамара ја подготвува прославата, дала огромни пари за подарокот

Еспресо

Неда Украден се прости од Мишо Ковач со потресни зборови: Ова засекогаш ќе го памети

Еспресо

Хрватска го оплакува Мишо Ковач, знамињата на половина копје

Еспресо
Се вчитува....