01:46 - 24 ноември, 2026

Седум години од смртта на Дивна Карлеуша: Куќата во која почина остана заклучена и затворена засекогаш

Поминаа повеќе од седум години од заминувањето на познатата радио-водителка и новинарка Дивна Карлеуша, чиј глас и медиумска кариера одбележаа една ера на српската сцена. Сепак, најголемиот печат и болка од нејзината смрт ги носи нејзината ќерка, поп-ѕвездата Јелена Карлеуша.

На кобниот 3 март 2019 година, додека се враќала од настап во Виена, Јелена ја дочекала веста од која цел живот се плашела, Дивна починала во својот дом во белградската населба Алтина. Од тој ден, куќата останала целосно недопрена и заклучена.

Јелена во една своја емотивна исповед откри дека откако го изнеле телото на нејзината мајка, никогаш повеќе не го пречекоирла тој праг:

„Сè остана замрзнато во времето. Тој момент ми ги отвори очите дека сите материјални работи, автомобили, недвижности и луксуз се целосно безначајни кога ќе ги изгубиме оние што најмногу ги сакаме“.

За разлика од гламурот во кој живее нејзината ќерка, Дивна до самиот крај избираше скромен и повлечен живот. Живееше независно во својот скромен дом и иако Јелена редовно ѝ нудеше комфор, скапи автомобили и егзотични патувања, Дивна одбиваше да живее на нејзина сметка, гордо работејќи и заработувајќи за себе сè до последниот ден.

Слични објави

„Не сакаше да излезе од куќата, па морав јас да ја напуштам“: Ќерката на Дино Дворник за болниот развод со Британецот

Еспресо

„Живеам на село и не ми е гајле за килограмите“: Индира Радиќ проговори за своето здравје и повлекувањето од сцената

Еспресо

(Фото+видео) Хрватската мис прошета на Мис Универзум во фустан направен од 200 старински миленца

Еспресо

„Ајде да ставиме крај и секој по својот пат“: Мустафа Сандал проговори за Емина Јаховиќ и разговорот што му го променил животот

Еспресо

„Имаме куќа и неколку станови“: Јована Јеремиќ и Тигaр открија каде ќе живеат по свадбата

Еспресо

(Видео) „Ми стоеја кнедли во грлото“: Бојана Скендеровски им посвети песна на децата без родителска грижа

Еспресо
Се вчитува....