8.8 C
Скопје
10:22 - 30 март, 2026

(Фото) Џорџина, партнерката на Роналдо се врати на модна ревија по породувањето, изгледа фантастично!

Вчера се одржа ревијата на Жакемус (Jacquemus) за сесозна полет/лето 2023, а меѓу специјалните гости беше и Џорџина Родригез.  Партнерката на Кристијано Роналдо се врати на модните настани неполни 3 месеци по породувањето и за таа прилика се појави во шик и гламурозно издание во црна нијанса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Неколку часа пред крајот на Париската модна недела, Maison Jacquemus ја лансираше својата колекција за пролет/лето 2023 година.

Ревијата се одржа на спектакуларна локација: во Камарг во близина на Арл, Франција, каде што манекенките шетаа опкружени во неверојатен бел пејзаж.

На настанот не недостигаа специјални и познати гости, пред се тука беше убавата Џорџина Родригез, која се врати на модните ревии неполни 3 месеци по раѓањето на Есмералда. Партнерката на Кристијано Роналдо изгледаше прекрасно, блескаво и шик во тотално црно модно издание.

Џорџина само до пред неколку дена беше на одмор на Ибица со својот партнер Кристијано Роналдо, но сега со полна пареа се врати на работа. Ревијата на Жакемус ја следеше од првите редови, маѓепсувајќи ги сите со својот тотално црн изглед потпишан од францускиот модна марка – Жакемус.

За комплетирање на изгледот таа носеше дијамантски накит, обетки со приврзок, нараквици и прстени, а белите чевли беа контраст. Станува збор за моделот Piscine на истата француска модна марка, препознатливи по дрвената штикла, а со цена 625 евра).

И покрај тоа што Џорџина се породи само пред три месеци и помина низ огромната загуби на едното бебе, манекенката веќе се врати во одлична форма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Слични објави

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо
Се вчитува....