22:19 - 9 ноември, 2026

(Фото) Џо Бајден во Саудиска Арабија: го поздравува принцот Бин Салман со тупаница

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и Џо Бајден се поздравија со тупаници при пристигнувањето на американскиот претседател во кралската палата во Џеда. Краткиот состанок, снимен на саудиската телевизија, се случи кога Бајден излезе од својата претседателска лимузина. Се очекува Бајден да се сретне со кралот Салман, таткото на престолонаследникот, пред да присуствува на поголем состанок со принцот Мохамед и други советници.

Принцот Мохамед бин Салман беше обвинет од американското разузнавање дека го наредил убиството на новинарот на Вашингтон пост Џамал ​​Кашоги. Затоа брзо пристигнаа критики дома и во странство за оваа средба.

 

Џо Бајден денеска стана првиот актуелен претседател на САД кој полета директно од Израел во Саудиска Арабија – патување што Белата куќа го нарече историско. На летот на Бајден му претходеше вест дека Саудиска Арабија ќе го отвори својот воздушен простор за авиокомпании, комерцијални и патнички, кои летаат до и од Израел. Одлуката би можела да отвори директни летови од Израел до Саудиска Арабија за муслиманите кои одат на аџилак во Мека. Бајден ја поздрави одлуката на саудиското кралство. „Тоа може да помогне да се изгради моментум кон понатамошна интеграција на Израел во регионот, вклучително и со Саудиска Арабија“, рече претседателот.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....