06:49 - 28 ноември, 2026

Џејла Рамовиќ го одложи настапот во Скопје: „За да ги избегнеме непријатностите…“

Босанската пејачка Џејла Рамовиќ го одложи својот концерт во Скопјe кој требаше да се одржи синоќа, 5 декември, бидејќи, според нејзините наводи, организаторите не ја подготвиле целата потребна документација.

„Драги мои, вечерва требаше да настапам во Скопјe и искрено се радував на нашето дружење. За жал, и покрај големите напори на организаторите, како и секој претходен пат, навреме да ги обезбедат сите потребни документи за да можеме јас и мојот бенд да си ја завршиме работата непречено, тоа овој пат не се случи“, напиша пејачката.

Во продолжение, Рамовиќ нагласила дека безбедноста на публиката, нејзиниот тим, како и сопствената безбедност ѝ се најважни.

„За да избегнеме какви било непријатности, одлучивме да го одложиме настапот додека не се решат сите административни работи. Ви благодарам за разбирањето, трпението и поддршката. Подготвена сум и едвај чекам да ве видам штом ќе се создадат сите услови за убав и безгрижен концерт, каков што отсекогаш сум имала во Северна Македонија. Ве прегрнувам силно“, додала пејачката.

Потсетуваме, Џејла Рамовиќ и нејзиниот бенд неодамна беа приведени во Кичево, затоа што не поседувале дозволи за работа. По инцидентот, пејачката рекла дека ги доставиле сите потребни документи до организаторот, вклучително и дозволата за настап.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....