10:42 - 29 август, 2026

(Фото) Ана Ивановиќ му покажа на Бастијан што изгубил: Тенисерката никогаш не изгледала подобро!

Во последните денови, рубриките во весниците беа полни со написи за поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот наводен развод од поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер.

Секоја нејзина објава на социјалните мрежи е во центарот на вниманието, како и нејзините јавни појавувања.

Така беше и овој пат. Во Париз на Гала-настанот во познатата Опера Гарниеза за посебна пригода се собра тенискиот џет-сет, а Ана Ивановиќ која беше една од почесните гости блесна во свој стил.

Убавата белграѓанка, која ги воодушевува модните познавачи со автентични изданија, како секојдневни варијанти, така и оние за поважни пригоди, уште еднаш покажа зошто се смета за една од најважните личности во светот на „белиот спорт“.

Операта Гарние, ремек-дело на архитектурата од 19 век и еден од бисерите на париската архитектура, слави 150 години откако ги отвори вратите за своите први посетители. По овој повод се одржуваат бројни прослави, а една токму ја организираше Ролекс. Нивните тениски височества Роџер Федерер, Ана Ивановиќ, Стефан Едберг и Гарбиње Мугуруза, исто така, се појавија на гала вечерата во божествената сала.

Долгогодишната амбасадорка на брендот скапи часовници за оваа гламурозна пригода избра елегантен вечерен фустан од „Алекс Пери“. Таа и претходно носела креации со овој потпис, а можеби најзначајна беше жолтата тоалета што ја носеше на Оскарите со Бастијан Швајнштајгер минатата година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)


Поранешната „тениска принцеза“ негува софистициран стил, без премногу детали, па овој пат успешно го усогласи стилизирањето со амбиентот. А Операта Гарние, чиј луксузен ентериер може да се спореди дури и со кралскиот Версај, не е лесна задача. Но, Ана најде одлично решение.

Едноставниот модел во темносива нијанса и отворени рамена, со посебен ремен околу вратот, може да се најде за 2.800 евра. Таа мудро го „комбинираше“ фустанот со сандали и внимателно одбран накит, а важна улога одигра и црвениот кармин, нагласувајќи ја нејзината насмевка, нејзиниот најубав „додаток“.

Слични објави

Светско, а наше: Никола Мицевски триумфираше на престижниот натпревар во Лос Анџелес

apostolova

„Никогаш нема да му простам“: Ѓина Џиновиќ му испрати брутална порака на таткото Харис?

Еспресо

Хороскоп за 29 август: Девиците ќе бидат вознемирени, Скорпиите ги очекува изненадување

apostolova

(Фото) Првпат на море со синот – сликата на Алекса Балашевиќ со малиот Ѓорѓе ќе ве разнежни

Еспресо

Исплива преписката на Алексеј Бјелогрлиќ со друга девојка, договараат средба во Цирих и ја понижуваат Сара Јо

Еспресо

(Фото) „Само зумирајте“: Маја Шупут привлекува внимание во костим за капење со долг прорез

Еспресо
Се вчитува....