29.8 C
Скопје
13:28 - 8 септември, 2026

(Фото) Ана Ивановиќ и Швајнштајгер го посетиле родното село на Дедо Мраз и потрошиле неколку илјади евра

Брачната двојка, поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер непосредно пред прославата на римокатоличкиот Божиќ и Нова година престојувале во Рованиеми, родното место на Дедо Мраз.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)


Главниот град на провинцијата Лапонија на северот на Финска им обезбедил одличен терен за забава во текот на кој имале време да ги посетат сите важни точки на неговата туристичка карта.

По тој повод, брачниот пар престојувал во еден од најлуксузните хотели во овој град. На располагање имале цела вила од 160 метри квадратни со четири спални соби, огромна дневна соба и две бањи. Ана и Бастијан не штеделе пари за овој краток одмор, па платиле неверојатни 4.800 евра колку што во моментот чини престојот во овој хотел со вклучен појадок и вечера во цената.

Покрај посетата на официјалниот дом на Дедо Мраз, Ана и Бастијан, инаку родители на три момчиња, своето внимание го насочиле и кон познатиот божиќен пазар, каде трговците нудат новогодишни додатоци со највисок квалитет. На предбожиќното патување во Арктичкиот круг, Ана хранела лососи, го посетила музејот и научниот центар Арктикум и се фотографирала покрај модел на поларна мечка во природна големина.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)


Студот не ја попречил желбата на Ана да се вози на санки влечени од кучиња. И нејзиниот сопруг, пензионираниот германски фудбалски ас, го доживеал истото искуство. На температура која овие денови се спуштила до минус 15 степени Целзиусови, брачната двојка поминала триесетина минути покрај поларниот логорски оган, покрај кој добро се забавувале и собрале сили да се вратат со санките во центарот на градот Рованиеми.

Ана и Бастијан, да потсетиме, слават два празника Божиќ, римокатоличкиот Божиќ на 25 декември и православниот Божиќ на 7 јануари, убедени дека овој факт е предност на нивното семејство.

Слични објави

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Верица Ракочевиќ за животот, успесите и загубите: „Продадов три големи стана во Белград за бизнисот“

E.A.

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ носеше фустан вреден 2.400 евра на роденденската прослава

Еспресо

Сите благодети на морската сол – содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата

Т.Ц.

Тага и солзи: Росана со лична приказна за Маријана

Еспресо

Дневен хороскоп за 8 септември: Не избрзувајте во донесување на одлуките

apostolova
Се вчитува....