Регионалната ѕвезда Александра Пријовиќ (28) синоќа го одржа првиот од трите концерти во Риека, Хрватска. Низ салата „Замет“ одекнале хитовите на популарната пејачка, а гостин изненадување бил фронтменот на групата „Лексингтон“, Бојан Васковиќ.
Пријовиќ претходно изјави дека на сите концерти во склопот на турнејата „Од исток до запад“ ќе ја придружуваат членовите на семејството, па така, и во Риека ги донела своите најблиски и им платила луксузно сместување, пишува српски „Телеграф“.
Додаваат и дека пејачката ќе помине најмалку пет дена во еден од полуксузните хотели во Риека. Таа, наводно, со себе го зела целото семејство и тим кој брои повеќе од 60 членови.
Според наводите на „Телеграф“, ноќевање во луксузниот хотел чини повеќе од 200 евра, па Пријовиќ наводно дневно само за сместување троши околу 12.000 евра.
– Јас без своето семејство не одам никаде, тоа веќе неколкупати го кажав. Тие се на секој концерт со мене и многу ми е многу важно на тој ден да се таму – рекла Александра на прес-конференцијата по првиот концерт во Загреб.
Свекрвата на Александра, Зорица Накиќ, исто така е со нив, од каде се пофалила со моќни кадрови од сместувањето.
Пејачката во Риека ќе настапи уште вечерва и утре, а потоа кон крајот на месецот ќе оди на северот на Хрватска. Во Арена Вараждин исто така ќе одржи три концерти, на 26, 27 и 28 април.
– Секогаш кога луѓето ќе ви кажат „ти тоа нема да можеш да го направиш“, тогаш најмногу можеш да го направиш тоа. Мојата најголема желба беше да имам песна која публиката ќе ја пее со мене – изјави пејачката по петте концерти во Осиек.