28.8 C
Скопје
18:31 - 1 јуни, 2026

(Фото) Славната Касандра има една желба: Ги слушам Цеца и Карлеуша, а сакам да снимам филм со Милош Биковиќ!

Венецуалската актерка Кораима Торес, позната по улогата на прочуената Касандра, признава дека ја обожава Србија, но и дека ужива во песните на фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ.

Таа признава и дека би сакала да сними филм со српскиот актер Милош Биковиќ, пишува српски „Информер“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coraima Torres (@lacoraima)


Познатата Касандра се присетила на нејзината посета на Србија. Како што вели, од тој момент почнала да ја слуша српската музика и да гледа српски филмови.

– Навистина би го сакалa тоа, сонувам да се вратам во Србија! Бев многу среќна додека бев во Србија, тоа ми е еден од најдрагите спомени во мојот живот. Луѓето беа љубезни, внимателни и полни со поддршка. Ја ценам љубовта која во деведесеттите години ја добив од вас, ја чувам во срцето и до ден-денес – рекла убавата актерка.

На спомнувањето на Милош Биковиќ таа се одушевила: „Секако дека сум слушнала за Биковиќ, би сакала да снимам филм со него!

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coraima Torres (@lacoraima)


Кораима е одушевена од Емир Кустурица и би сакала да игра во некоја од неговите продукции.

„Тој ми е долго време еден од омилените режисери. Ми се допаѓаат неговите филмови, начинот на кој работи, кадрите, длабочината на неговите приказни… Додека ги гледам неговите филмови, влегувам во еден магичен свет, од кој потоа излегувам поинаква. Би била најсреќна да играм во филмот во режија на Кустурица – рекла Кораима Торес.

Актерката додала дека слуша српска музика и дека слушнала за српските музички ѕвезди: „Ми се допаѓа Цеца! И Јелена Карлеуша, исто така. Не сум упатена во работењето на другите ваши музички ѕвезди“.

 

Слични објави

Јоксимовиќ за кариерата и емоциите: „Со моите песни луѓето се заљубувале, венчавале и разведувале“

Еспресо

Дарко Лазиќ шокиран поради ситуацијата со Мина Костиќ: „Да е сè нормално, јас прв би бил во психијатриска болница“

Еспресо

По хоспитализирањето на Мина Костиќ во психијатриската болница, Каспер итно пристигна во Белград

Еспресо

Зорица Брунцлик брутално го „поткачи“ Десингерца – „Глупав си, погледни каков стомачиште си ‘пуштил’“

Е.А.

„Немам право да делам совети“ – Азис шокираше со изјавата дека ќе дозволи неговите деца сами да си го изберат полот

Е.А.

Непријатна случка за семејството на Анета Љумаковска, ова се случи во Валандово

Еспресо
Се вчитува....