17:39 - 25 ноември, 2026

(Видео) Ален Исламовиќ си ја бакна сопругата и го искритикува Харис Џиновиќ: „Не сум како некои што плукаат по семејството и децата“

Поранешниот пејач на „Бијело дугме“, Ален Исламовиќ, на социјалните мрежи сподели видео од него со сопругата Марјана, која ја запознал во Бихаќ, каде одел во основно и средно училиште.

Но, описот на објавата привлече повеќе внимание од нив двајца.

„Уживам со мојата љубов. Не сум како некои што плукаат по семејството и децата. Тоа е грда работа“, напишал Исламовиќ во описот на објавата, а многумина се убедени дека овој коментар е насочен кон Харис Џиновиќ, кој деновиве јавно се кара со поранешната сопруга Мелина и ја навредува.

Инаку, Марјана е најголемиот поддржувач на Ален Исламовиќ во неговиот живот и никогаш не му го замерувала долгомесечното отсуство поради неговата успешна музичка кариера.

„Со неа сум од 16 години, знаеше што е мојата работа и кога децата оостануваа со неа, знаеше дека тоа е нејзина задача. Кога бев на турнеи шест, седум месеци со ‘Бијело дугме’, и таа го разбираше тоа, знаеше дека ја сакам музиката. Кога бев слободен, постојано бев со нив, патувавме, имав време и за нив“, изјави тој во неодамнешното интервју за „Бијело дугме“.

Слични објави

Јована Јеремиќ во солзи пред олтарот, ниту Тигар не ги сокри емоциите – водителката објави досега невидени снимки од венчавката

Еспресо

Скандал во Турција — приведена актерката која ја глумеше Ферхунде во „Кога лисјата паѓаат“

К.С.

(Фото) „Три и пол години бевме твојот мал свет“: Синот на Даниел Кајмакоски тргна во градинка

К.С.

Швајнштајгер ќе ѝ плаќа алиментација од вртоглави 45.000 евра месечно за синовите на Ана Ивановиќ

Еспресо

Гоца Тржан открива детали за концертите и хонорарите: „Менаџерската работа би ѝ ја препуштила на Лена“

Е.А.

(Фото) Лила Филиповска ужива во празничната магија на Париз — ноќно крстарење по Сена и божиќни светилки на Шанзелизе

К.С.
Се вчитува....