16:03 - 10 ноември, 2026

Фолтин одбележа 25 години постоење со концерт на античкиот локалитет Хераклеја

фолтин

Фолтин, својот четврт век постоење викендов го одбележа со концерт на истата локација, на античкиот локалитет Хераклеја, каде што точно пред 25 години започна приказната за оваа музичка петорка од Битола, која се стекна со светска слава.

фолтин
Фото: Кети Талевска

Концертот беше музичко патување низ сите албумски изданија на овој бенд, а е завршница на низата промотивни концерти кои Фолтин летово ги имаше низ Македонија и во странство, како дел од промоцијата на последниот албум „Симултан бакнеж“.

фолтин
Фото: Кети Талевска

Под ведро небо, на полна месечина, пред илјадна публика, и оние кои од почеток се почитувачи на музиката на Фолтин, но и многу нови генерации уживаа во тој музички омнибус кој само потврди дека овој бенд ќе остане со епитетот нај арт бенд на овие простори.

фолтин
Фото: Кети Талевска

– Човек е роден да памети. Роден со дарба за сеќавање. А добрите спомени го вадат најдоброто од нас. Ги чуваме за да нé крепат подоцна, да нé потсетат на тоа што ни недостасува, на тоа што веќе го нема, а ние не можеме без него. Затоа, добрите спомени се слават.

фолтин
Фото: Кети Талевска

Љубена битолска публико, заедно го прославивме сеќавањето на нашиот прв самостоен концерт со авторска музика, одржан на 16 август 1996 година, во Хераклеа. На овој 21 август, можевме да заклучиме само едно- четврт век е кратко за еден живот, но значајно долго за музички бенд и неговата верна публика, велат Фолтин.

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....