3.8 C
Скопје
21:54 - 20 декември, 2024

Доли Партон: Пример за изгледот ми е проститутка!

Американската пејачка, авторка и композиторка Доли Ребека Партон е една од 50-те најмоќни жени во шоубизнисот. Таа се збогати со приходи од сопствениот забавен парк Доливуд, но и бројни работни достигнувања. Сепак, највпечатлив е нејзиниот изглед.

Доли, која денес го слави својот 74-ти роденден, позната е по бројните пластични операции, што никогаш не ги криела. Најмногу се истакнуваат нејзините бујни гради. Пред неколку години силиконите започнаа да и прават здравствени проблеми, но ниту тоа не ја натера да го промени имиџот на русокоса со големи облини.

Пример за изгледот ѝ била проститутка од сосетството која ја обожавала како девојка.

View this post on Instagram

On set just a few years ago ?

A post shared by Dolly Parton (@dollyparton) on

„Потребни се многу пари за да изгледам волку ефтино“, рекла Доли во една прилика. Сакала да ја истакнува женственоста за да ги прикрие војата одлучност и сила.

Доли во 1994 година објави автобиографија со наслов „Доли: мојот живот и други недовршени работи“. Таму опишала како имала сиромашен живот, а нејзината најголема желба била да од девојка од село стане гламурозна.

View this post on Instagram

Just a little #tbt for your feed ?

A post shared by Dolly Parton (@dollyparton) on

„Моите беа сиромашни и немавме ништо, но секогаш сум сакала да бидам секси, дури и многу пред да сфатам што точно значи тој збор. Во списанијата секогаш најмногу ми се допаѓале жените за кои во мојот крај збореа дека имаат ку*вински изглед, но мене тие ми беа многу убави, многу поубави од просечните жени. Се кај нив беше пренагласено: фризура, шминка…“, рекла Доли која за себе смета дека никогаш не била природно убава, па затоа на себе нагласила се што можела.

„Косата не ми е убава, па затоа секогаш носам перики, многу сум ниска и затоа одам на високи потпетици. Изгледам како воопшто да немам вкус, но на некој начин тоа им се допадна на луѓето или едноставно им сметаше“, рекла пејачката.

За Доли кружеле трачеви дека била во врска со училишната пријателка и адвокатка Џуди Огл, но таа тоа никогаш не го потврдила. Таа изјавила дека понекогаш спијат во ист кревет, но поради тоа што се најдобри пријателки и дека во нивниот однос никогаш немало секс. Тогаш Доли била во врска со Карло Дин, но странските медиуми збореле дека тоа е само фасада за да ја покрие истополовата врска.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....